ПОВИК ЗА МЛАДИ ЛИЦА ЗА УЧЕСТВО НА САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МОДНА ИНДУСТРИЈА

Ни претставува огромна чест и задоволство да ве информираме дека 25-тото издание на Моден Викенд – Скопје ќе се оддржи на 25-ти jуни 2022 година во Градски парк Скопје. Воедно би сакале да ве поканиме и на првиот саем за „Вработување на млади во модна индустрија” кој ќе се случи во склоп на настанот, а е организиран во соработка со Националниот младински совет на Македонија.

На овој начин би сакале да ги мотивираме сите млади талентирани учесници кои сакаат да излезат за прв пат на пазарот на труд и да се вработат во модна индустрија, преку поддршка за запознавање со бизнисите од модната индустрија и шансите за вработување и професионален раст кои тие ги нудат за младите лица.

Идејата е да преку иновативен начин односно  Youth Booth – интервјуа  кои би се одржале од 12:00 до 14:00 часот, студентите  да се запознаат со работодавците  и доколку постои можност да се вработат кај еден од нив, односно да го започнат процесот за вработување за време на самиот настан.

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од Youth Booth,  ве мотивираме да го испратите вашето CV/портфолио на нашата е-маил адреса [email protected] и [email protected] .  Рокот за пријавување е до 20.06.2022.

По завршување на рокот за пријавување, вашите биографии ќе бидат споделени со компаниите кои се заинтересирани за учество во овој сегмент од настанот. Доколку некоја компанија е заинтересирана за интервју со вас, нашиот тим ќе ве контактира за да ги договориме деталите за интервјуто со вас.

Се надеваме дека ваквиот настан ќе биде од голема важност за вас и дека ќе ви овозможиме простор за вмрежување, запознавање на клучни актери од модната индустрија и ќе ви ги зголемиме шансите за потенцијално вработување.

Со почит, Моден Викенд Скопје, Национален младински совет на Македонија, Македонско Модно Здружение