СКОПЈЕ ПРАЈД 2022

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија со задоволство Ве поканува на овогодинешната парада на гордоста, која ќе се одржи на 25 јуни 2022 година под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“

Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството. Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати. Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на борба за еднаквост на сите ЛГБТИ+ луѓе.

Агенда на настанот:

17:00-19:00: Собирање на учесниците во паркот ,,Жена-борец’’ и кратки поздравни говори

00-20.00: Движење на парадата од паркот Жена борец па до Стадионот АРМ во Градскиот парк како крајна дестинација;

20:30-01:00 Забавна програма

И годинава, традиционално, програмата ќе ја отвори македонската претставничка на Евровизија, Андреа, а ќе настапи и нашата поп-дива и оперска пејачка Наде Талевска – Спасовска.

На Скопје Прајд ги славиме сексуалниот и родовиот диверзитет и ја промовираме квир културата. Па така, и овој Прајд сигурно ќе биде уникатно искуство, за што, меѓу другите, ќе се погрижат фантастичното трио дрег кралици од соседна Србија, Alex Elektra, Dita Von Bill и Lana Vee, од преку океанот, од Њујорк (САД) ни доаѓа уште една дива, Ronda Vu, додека од нашата земја ги имаме нејзиното дрег височество Divon Jane, и другарката Linda Socialista која е решена да го уништи патријархатот со нежно треперење на нејзините лажни трепки“, додаде Иванова осврнувајќи се на програмата во која се вбројуваат и DJ-сетови на DJ Андреј Мицајков, DJ Јана Тодоровска, DJ Мартина Пенева и DJ Џинџер.

Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество.

Се гледаме на Прајд!