Центар за младински активизам заедно со Сојуз на извидници на Македонија го објавува повикот за пријавување на учесници на Инклузивните младински кампови кои ќе се спроведат во летниот период.
Инклузивните младински кампови се кампови каде учесници се млади лица со попреченост и без. Камповите траат 5 дена (4 ноќевања) и се случуваат во Извидничкиот центар Охрид-Ицо.
Камповите се спроведуваат традиционално уште од 2017 година. Слики од изминатите кампови можете да видите тука: 2021, 2020, 2019, 2017 (I, II, III)
Утринскиот дел од програмата се состои од едукативни активности подготвени според потребите на учесниците, додека попладневниот ден од програма се состои од активности на отворено. Сместувањето на учесниците е во шатори.
Една група на еден камп се состои од 30 до 40 учесници. Учесниците работат поделени во групи од 5 лица. Групите се состојат од 1 лидер на група кој има искуство во работа со млади лица со попреченост и без, 2 лица со попреченост и 2 лица со типичен развој.
Со оваа група на учесници работат лица кои се дел од програмскиот тим и тоа: психолози, фацилитатори, програмски тим за слободни активности и 2 координатори на програмските активности.
Период на реализација од 25ти до 29ти јули 2022 година.
Програма на кампот се состои од:
- Активности за градење на група;
- Локални и регионални вечери;
- Активности на отворено (кајакарење, пешачење, стрелаштво, водени лудории, палење на логорски оган, спортски активности и многу други);
- Работилници каде ќе се користат методите на неформално образование на различни теми;
- Посети на локалните места во Охрид;
- Интересни и забавни активности.
За реализација на камповите за летната сезона 2022 година, Крик беше дел од Донаторскиот кружок 2022 инфо за кружокот тука каде се собраа дел од средствата за младинскиот камп. Останатиот дел се прибира преку котизација за учество и отворени сме за примање на донации од приватниот и бизнис секторот. Доколку сакате да донирате, контактирајте не на [email protected]
Повиците за пријавување се отворени до 10ти јули 2022 година.
Возраст на учесниците: 15 до 22 години
За учесници аплицирајте Тука
За лидери на група аплицирајте Тука
Одговорности на лидерите на група:
-Присуство на состаноци за подговка на активностите на кампот пред започнување на кампот
-Грижа за учесниците од групата:
-Да не пропуштат оброк
-Доколку учесниците примаат терапија да се осигура земањето на терапијата
-Учесниците да се навреме пристигнати на сесија
-Поддршка и потсетување за личната хигиена на учесниците
-Пренесување на информации до учесниците на групата
-Да се осигура активно учество на учесниците на програмата на кампот во текот на целиот ден
-Присуство на програмата на кампот
-Спроведување на групни рефлексии со својата група на крајот на денот
-Учество на состанок со фацилитаторот на кампот за евалуација на денот и пренесување на информации од групните рефлексии
-Присуство на евалуациски состанок по завршување на кампот
Потребни квалификации за лидер на група
-Претходно искуство во работа со лица со попреченост и без
-Претходно искуство во спроведување на активности со млади и младинска работа
-Познавање од младинска работа
За фацилитатори аплицирајте Тука
Одговорности на фацилитаторите:
-Присуство на состаноци за подговка на активностите на кампот пред започнување на кампот
-Пренесување на информации до учесниците на групата
-Подготовка на работна програма составена од 4 сесии дневно за учесниците на кампот
-Подготовка на планови на сесии за работната програма
-Спроведување на работната програма
-Да се осигура активно учество на учесниците на програмата на кампот во текот на целиот ден
-Спроведување на евалуација со главниот фацилитатор на кампот пред почетокот на работниот ден
-Подготовка на финален извештај за работната програма
-Присуство на евалуациски состанок по завршување на кампот
Потребни квалификации за фацилитатор
-Претходно искуство во работа со лица со попреченост и без
-Претходно искуство во фацилитирање и спроведување на обуки со млади лица
-Познавање од младинска работа