ГЛАСАЈТЕ ЗА НОМИНИРАНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА НАГРАДАТА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО

Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја повикува пошироката јавност да ги достави своите гласови за кандидатите за овогодинешната Награда за младинско учество  во индивидуална категорија, категорија на  неформални  групи на млади и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. 

ЗА НАГРАДАТА

Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество. Наградата се доделува во три категории: индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.

Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации кои покажуваат: јасна визија за подобрување на заедницата кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања; исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања; и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот.

  • Во индивиудална категорија номинирани се: Горазд Китановски, Изабела Јакимова, Лука Павиќевиќ, Марија Бургиева и Станиша Станковиќ.
  • Во категоријата неформални групи номинирани се: GEN-W, ODAS, One Can Youth (Младите на Една може), PERIOD Скопје и TAKAT.
  • Во категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации номинирани се: Гоу Грин, Здружение Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) и Здружение за општетсвена акција, едукација и превентива (ЕАСП). 

 

На следниот линк можете да дознаете повеќе информации и да гласате за номинираните кандидати.

Ве охрабруваме да го дадете својот глас во секоја од категориите и да ни помогнете да ги избереме овогодинешните победници.

Гласањето официјално ќе заврши на 2 август (вторник).