Вебинар – “Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет “

Фондација Метаморфозис организира вебинар “Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет “ на 31.08.2022 (среда) во 10:00 – 13:30 часот. Вебинарот се организира во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталнaта агенда – ICEDA” ко-финансиран од Европската Унија.

Вебинарот цели кон запознавање на граѓаните, граѓанските организации и бизнисите со разни видови на сајбер закани и давање на совети за како да се препознаат сабјер заканите и како да се заштитат од нив. Меѓу другото, вебинарот ќе се осврне на основите на сајбер безбедност, најчестите извори на сајбер закани и како да се справиме со нив, безбедни комуникации преку Интернет, заштита на лични податоци преку Интернет, социјални мрежи и потенцијални повреди на човековите права, како и надлежни институции за справување со сајбер безбедност.

Вебинарот ќе биде на македонски јазик и ќе се одвива преку ZOOM платформата. Сите регистрирани корисници ќе добијат линк за влез на ZOOM, а оние кои ќе го проследат вебинарот ќе добијат и сертификати за учество на е-мејл адресите кои ги имаат оставено при регистрација.

Сите заинтересирани да го проследат вебинарот се поканети да ја пополнат регистрациската форма најдоцна до 28.08.2022: https://forms.gle/31ie14oi6BWcgiLL7

Напомена: Заради потребите на проектот, вебинарот ќе се снима и ќе биде објавен на YouTube каналот на Фондација Метаморфозис, по што ќе биде споделуван по социјалните медиуми како корисен ресурс на знаење за пошироката публика.

—————————————————————————————————————————————

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Ден на младите 2022: Младинско волонтирање и Зелен активизам

Меѓународниот ден на младите се одбележува секоја година на 12 август, со што младинските прашања добиваат вниманието од заедницата. Имајќи предвид дека одржливоста и климатските промени се толку широки теми, ја препознавме потребата да се прослави Денот на младите на посебен начин, фокусирајќи се на младинското волонтирање и зелениот активизам.
Овој настан има за цел да ги афирмира младите, да и даде простор на заедницата и особено на младите за идеи, разговори и размислувања за создавање подобра и поодржлива иднина за младите.
Настанот ќе биде супер еко, со струја што сами си ја произведуваме со возење велосипеди, без отпад и со свежи пијалоци направени од волонтерите затоа дојдете со вашиот велосипед и со вашите термоси или чашки. 
На настанот, двата дена ќе има изложба од млади уметници, како и фотоизложба за волонтеризам и еко-активизам. Забавниот дел ќе биде покриен од млади бендови и артисти.
Исто така, ќе имате можност преку инфо-точките на ЕУ и Националната агенција да се запознаете со програмите и активностите што ги нудат за млади.
📅 Кога? 11 и 12 август
📌 Каде? Дом на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, Скопје
✍️ Регистрација за работилниците: https://bit.ly/3JzbWEh
🎨 Сите фотографии и други уметнички дела кои сакате да бидат изложени на настанот ➡️ Испратете ги на оваа адреса: [email protected]
 
АГЕНДА
11.08 четврток
17:00-20:00 Работилници:
● Дизајнирање и креирање еко-торба
● Инструменти од рециклиран материјал
12.08 петок
17:00-20:00 Работилници:
● Дизајнирање и креирање еко-торби (втор дел)
● Видео-продукција со паметни телефони
● „Спасете ја планетата дома“, работилница за рециклирање 
● Работилница за климатски промени околу 125 кг јаглеродна коцка 
● Намалување на отпадот и правилен избор на отпад во секојдневните активности
20:00-22:00 Кино на точак
● Селекција на кратки филмови на тема волонтерство и еко-активизам
Повеќе детали наскоро!
***
Настанот е организиран од Волонтерски центар и Гоу Грин, а поддржан од Националната агенција за образовни програми и мобилност, EU House Skopje и општина Кисела Вода.

Церемонија за доделување на Наградата за младинско учество

По повод Меѓународниот ден на младите, Националниот младински совет на Македонија со задоволство ве поканува на овогодинешната Церемонија за доделување на Наградата за младинско учество којашто ќе се одржи на 12 август 2022 г. (петок) со почеток во 18:30 часот во Резиденцијата на Претседателот на Република Северна Македонија (Вила Водно, ул. „Ацо Караманов“, 33А Скопје).
Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество која се доделува во три категории: индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.
Агендата на настанот е достапна подолу:
18:30 – 19:00 ПРИСТИГНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИ
19:00 – 19:30 ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО
г. СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ, Претседател на Република Северна Македонија – воведно обраќање
г. НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ, Директор на Агенцијата за млади и спорт
г-а МАРИЈА КРСТЕВСКА, Претседателка на Национален младински совет на Македонија
Кратки обраќања на добитниците од трите категории.
19:30 КОКТЕЛ И ВМРЕЖУВАЊЕ
Поради ограничени капацитети,  Вашето присуство може да го потврдите со пополнување на следниот формулар – https://forms.gle/s8cgarnVtMdqbd5N8 , најдоцна до 9 август 2022, 12:00 ч.
Ве очекуваме заеднички да го прославиме Меѓународниот ден на младите!