Информативна средба за приклучување на организации кон НМСМ

Националниот младински совет на Македонија организира информативна средба за организации заинтересирани да се приклучат кон мрежата. Информативната средба ќе се одржи на 24 август 2022г. (среда), со почеток во 11:00 часот, на онлајн платформата ZOOM.
👉 За време на средбата, претставници на НМСМ подетално ќе ја објаснат процедурата за членство, како и придобивките од членување во Советот.
🗣 Доколку сакате да бидете дел од информативната средба и да дознаете повеќе за НМСМ, најавете го своето присуство со пополнување на формуларот на овој линк.