Отвoрање на мултифункционален центар во Црниче

Цма Крик со задоволство Ве кани на отворањето на Мултифункционалниот центар Крикни во месната заедница Црниче. 
 
Настанот ќе се одржи на 31 август (среда) во 12:00 часот во објектот на месната заендица Црниче, која се наоѓа на улица „Баница“ бр.1, Скопје. 
Просторот каде е центарот е даден на користење од општина Кисела Вода, преку меморандум за соработка со ЦМА КРИК. 
 
Центарот е реновиран со поддршка од проектот Добивање живот-деинституционализација на корисниците од Специјалниот завод Демир Капија, воден од People in Need, North Macedonia во партнерство со ЦМА КРИК, Здружение Солем и Специјален завод Демир Капија а финансиран од Европската Унија. 
За Центарот 
Со цел понуда на услуги во заедницата за лица со попреченот, Цма Крик воспостави Дневен центар за окупациона терапија за лица со попречености. Центарот работи од понеделник до петок, а корисниците имаат можност да го посетат два до три пати во неделата, по неколку часа. Вработени во центарот се стручен кадар кои има искуство во работа со лица со попреченост и тоа окупационен терапевт, физиотерапевт и психолози. Целта на професионалниот тим на Центарот е да опфати и да мапира поголем број на лица со пореченост од 18 години нагоре кои би се вклучиле и би ги следеле окупационо-терапевтските активности. Учеството во активностите во центарот е бесплатно за корисниците. 
Нашата соработка е од трајно значење, а негувањето на соработката претставува поддршка и взаемен развој. По тој повод, споделуваме едно од најубавите нешта што Крик ги доживеа оваа година – отворање на мултифункционален центар во рамки на Месната заедница Црниче. Тука, покрај традиционалните активности за млади, може да се посетуваат најразличен вид на активности кои опфаќаат повеќе целни групи. 
Center for Youth Activism CYA KRIK is pleased to invite you to the opening of the Multifunctional Center Krikni, in the local community center in Crnice.
The event will be held on 31st of August (Wednesday) at 12:00 in the premises of the Multifunctional Center Krikni, which is located on “Banica” street no. 1.
The place where the center is established is provided by the municipality of Kisela Voda, through a memorandum of cooperation with CYA KRIK.
The center was renovated with the support of the project Getting a Life-Deinstitutionalization of the residents of the Special Institution Demir Kapija, led by People in Need North Macedonia in partnership with CYA KRIK, Association Solem and Special Institution Demir Kapija, financed by the European Union.
About the Center
In order to provide services in the community for people with disabilities, CYA KRIK established Center for Occupational Therapy for people with disabilities. The center is operating from Monday to Friday, and the beneficiaries have the opportunity to participate at the activities two to three times a week. The employees of the center are professionals who have experience in working with people with disabilities: occupational therapist, physiotherapist and psychologists. 
The goal of the center is to involve and map a larger number of people with disabilities above 18 who would join and follow the occupational therapy activities. Participation in the center’s activities is free for the beneficiaries.
Our cross-sectoral cooperation is of high importance, and represents support and mutual development in the community. 
On that occasion, we are sharing one of the most beautiful things that CYA KRIK experienced this year – the opening of a multi-functional center. Here, in addition to the regular activities for young people are offered and wide variety of activities including several target groups which can participate.

ПОВИК ЗА УЧЕСНЦИ за национални тренинг обуки во рамките на проектот „Заедници инклузивни за млади“

  1. За СФЕРА Интернешнал

              Здружението за одржлив развој СФЕРА ИНТЕРНЕШНАЛ – Битола е формирана во 2009 година која се фокусира на младите и на сите граѓани во општина Битола за остварување на своите главни цели, активности и акции во склоп на нашата мисија која што е покренување на свеста и едукација на локалните заедници, преку неформални едукативни методи, на темите како заштита на животната средина, културно и природно наследство, здрав живот, долгорочна одржливост на младинскиот развој и активно учество на младите преку волонтирање во Северна Македонија.

Визијата на СФЕРА ИНТЕРНЕШНАЛ е чиста, еколошка животна средина во Република Северна Македонија и искористување на алтернативните извори за енергија.

СФЕРА ИНТЕРНЕШНАЛ преку неформално образование поттикнува практикување на здрав живот, грижа за животната средина, активно учество на младите во РСМ и волонтерство.

  • За ЈЕП Гостивар

Платформата за зајакнување на младите – ЈЕП, е формирана во 2015 година која се стреми да ги поддржи младите од Гостивар и околината преку негување на нивните лидерски вештини, охрабрување на нивниот граѓански ангажман и обезбедување технички вештини.

Мисијата на ЈЕП е поттикнување и зајакнување на младите преку различни проекти . Нашата цел е инспирирање и обучување на младите да преземат активна улога во процесот на донесување на одлуки.

  • За проектот „Заедници инклузивни за млади“

            Главна цел на проектот е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот. Клучните засегнати страни се младински граѓански организации, локални младински совети, единици на локална самоуправа и граѓани. Крајни корисници се младите, со посебен фокус на ранливите групи (лица кои живеат во екстремна сиромаштија, ромска етничка заедница, деца, жени, лица со попреченост, ЛГБТИ популација). Проектот е дизајниран со цел да ги вклучи сите млади во општеството, односно да формира инклузивни општества, кои се од клучно значење за демократијата, да издејствува директно влијание на младите врз креирањето и спроведувањето на локалните политики, со цел да им го олесни животот на непривилегираните, односно на причините и последиците од нееднаквоста, вклучително и полот, маргинализацијата и дискриминацијата, како и справувањето со потребите на обесправените и ранливите групи, кои треба да се  подржани од локалните заедници.

Специфични цели се:

  • Да им се помогне на локалните власти во развивањето и спроведувањето на регулативите и политиките преку зајакнување на механизмите за младинско учество;
  • Да се изгрдат капацитетите на локалните младински ГО;
  • Да се поттикне дијалогот и социјалната кохезија за борба против дискриминацијата и сегрегацијата.

Очекувани резултати:

  • Зајакнати капацитети на 30 младински организации и неформални групи за социјална инклузија;
  • Развиени капацитети на 8 локални младински совети за социјална инклузија;
  • Развиена мониторинг матрица за следење на спроведувањето на законот;
  • Објавени најмалку 8 мониторинг извештаи за спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики на регионално ниво;
  • Објавен најмалку 1 извештај за спроведување на Законот за младинско учество и младински политики на национално ниво;
  • Изготвени најмалку 20 препораки за унапредување на младинското учество;
  • Развиена методологија за индекс на социјална вклученост на младите во локалните политики и институции;
  • Објавено истражување за учеството на младите во локалните политики и институции;
  • Поддржани најмалку 15 младински иницијативи усогласени со препораките од извештаите од мониторингот и Локалните младински стратегии;
  • Антидискриминација;
  • Социјална правда (Борба против нееднаквоста);
  • Застапување, лобирање и јавни политики.

             Планираните активности во рамките на проектот имаат за цел да ја подобрат имплементацијата на локалните услуги предвидени во Законот за младинско учество и младинска политика и да ги зајакнат локалните младински граѓански организации да се залагаат за социјална инклузија, притоа вклучувајќи ги и  младите лица со попреченост и младите од ранливите групи во локалната политика и процесите на одлучување, поттикнувајќи ги на волонтерство, младински активизам и младинската работа за заштита на интересите на младите. Проектот ќе придонесе за приближување на РСМ поблиску до интеграција на ЕУ, преку подршка на иновативен и проактивен граѓански активизам, волонтерство за продобрување на локалната власт, со посебен фокус на вклучување на жените и лицата со попреченост.

Планирани проектни активности:

  • Градење на капацитети;
  • Спроведување мониторинг на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики на локално ниво;
  • Воведување на индекс на социјална вклученост на младите на локално ниво;
  • Поддршка на локални младински иницијативи;
  • Видливост и споделување на резултати.
  1. Општи информации за Тренинг обуките

Младинските организации играат клучна улога во зголемувањето на младинското учество и обезбедувањето на инклузивни локални и национални политики. Покрај тоа, механизмот на Локалните младински совети дозволува просторот за младите лидери на заедниците да имаат директен пристап до носителите на одлуки и им овозможува на слободата и моќта на одлучување да направат значајни промени за младите во нивната заедница. Сепак, организациите предводени од младите сè уште немаат капацитети да спроведат кампањи за застапување, активно да вклучат млади во нивните активности и да препознаат и адресираат социјални исклучувања и заштита на ранливи групи на млади.

Проектот ќе спроведе сет на обуки за повеќе од 30 локални младински организации. Обуките ќе ги опфатат темите:

  • Социјална инклузија и Социјална правда;
  • Антидискриминација;
  • Застапување и лобирање;
  • Развој на јавни политики.

Секоја обука ќе има повеќе од 30 учесници од кои најмногу 20 ќе биде физички присутен.

Обуката за социјална инклузија и социјална правда (Борба против нееднаквоста обука)  ќе ги опреми учесниците со знаење да ја препознаат нееднаквоста, потребното методолошки алатки за активна работа и вклучувње на младите од маргинализираните групи секојдневниот живот.

Обуката за антидискриминација ќе опфати темите како да се препознае дискриминацијата, како да се реши дискриминацијата, социјалната одговорност. Исто така локалните советите за антидискриминација ќе бидат претставени како место каде ќе се решаваат дискриминацијата и да се изградат антидискриминаторски политики на локално ниво.

Трета обука Обука за застапување и лобирање ќе им помогне на учесниците да ги разберат различните алатки и методи кои се користат за успешно застапување и лобира за одржлива промена, како да се комуницира со носителите на одлуки, како да се развие кампања за застапување.

Последната програма за обука Развој на јавни политики ги учи учесниците да развијат јавни политики и кратки политики врз основа на докази и широка консултација со конституентите. Обуката ќе ги опреми учесниците со истражувачки вештини и знаења, како и методи за тоа како да се развиат одржлива инклузивна политика.

  • Временска рамка

Тренинг обуки ќе се одржат еднаш месечно и тоа од Септември до Декември 2022 година што значи вкупно 4 обуки. Датите за обуките ќе бидат накнадно објавени и пратени на избраните учесници.

  • Работен Јазик

Обуките ќе бидат спроведени на Македонски јазик.

  • Локација

Тренинг обуките ќе се одржуваат хибридно, што значи ќе имате опција дали сакате да учествувате физички на дадена локација или oнлајн на зоом платформата.

  1. Профил на учесниците

Млади од целата територија на Република Северна Македонија од 18-30 години кои се:

  • Мотивирани да учествуваат на тренингот;
  • Во можност да учествуваат на сите сесии од тренингот и, активно да се вклучат во спроведување на планираните активности;
  • Подготвени за нови методолошки и едукативни пристапи кои ќе ги применуваат во нивното секојдневно работење;
  • Подготвени да го пренесат стекнатото знаење и да зборуваат за важноста од активно граѓанство;

Ранливите групи ќе бидат охрабрени да учествуваат активно со цел да ја дадат својата перспектива. При селекција ќе бидат земени, начелата на недискриминација, родова рамнотежа, еднакви можности за сите како и регионална покриеност на учесници од целата држава.

Членовите на локалните младински совети (ЛМС) ќе имаат предност во аплицирањето.

  1. Начин на пријавување

Сите заинтересирани може да се пријават за тренингот со пополнување на формуларот за учество достапен на овој линк.

Рокот за пријавување е до 27.08.2022 година до 16:00 часот.

Доколку се потребни дополнителни информации за повикот и тренингот, ве молиме пишете нa [email protected] или телефонски на 074 245 154.