Конференција за социјален активизам – ENGAGE 2022

Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат на единаесеттото издание на Конференцијата за социјален активизам ENGAGE 2022

Настанот ќе биде поделен во 3 дела:

 

🎤 ENGAGE THE STAGE – Каде ќе имате можност да слушнете домашни и меѓународни говорници кои ќе го пренесат нивното искуство на темите: технологија, животна средина, човекови права, граѓански иницијативи и новинарство;

🎨 ENGAGE THE WORKSHOPS – Каде ќе можете да се вклучите во една од креативните работилници за изработка на стикери, алки и уметност преку облека и

 

🎧 ENGAGE THE NIGHT – Каде ќе може да се забавуваме со DJ сетови до полноќ.

Повеќе информации за ENGAGE 2022 може да дознаете овде, а вашето присуство може да го најавите на Регистрацијата достапна на овој линк или со одговор на овој мејл. 

ENGAGE е единствената конференција за социјален активизам во Северна Македонија, организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ во изминатите десет години. На конференцијата, домашни и странски активисти споделуваат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, култура, социјална промена, дигитална демократија, слобода на говор, животна средина, технологија, правата на ЛГБТИ+ заедницата, иднината на образованието и медиуми. Преку ENGAGE, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн, така и во физичкиот простор. Со програмата, ENGAGE обезбедува едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството во кое живееме.

На изминатите 10 изданија, како странски говорници учествуваа: Гитанџали Рао (САД), Вандита Морарка (Индија), DJ Switch(Нигерија), Енди Батентие (Франција), Биргита Јонсдотир (Исланд)Питер Сунде (Финска), Сара Мардини (Сирија), Алина Афлекаилор (Романија), Дан Лахав (Израел)Мифонви Никсон (Велика Британија), Христос Јовнопулос(Грција)Валерио Мушела (Италија), Ирем Сомер (Турција), Смари МекКарти (Исланд), Елтон Баџаку (Албанија), Арбер Салиху (Косово),  Иван Новак (Словенија), Ирина Гордиенко, (Русија), Ана Биалас (Полска), Михаи Политеану (Романија), Емилиано Кампањола (Италија), Јарина Груша (Украина), Ајзис Томпсон (Велика Британија), Дејан Николиќ (Србија), Салио Сијах (Босна и Херцеговина), Хана Марку (Косово), Јелена Анасоновиќ и Миодраг Симовиќ (Србија), Ловро Крсник (Хрватска), Љуљета Алиу (Косово), Јернеј Кастелич (Словенија), Ксенија Радовановиќ (Србија),Владан Јолер (Србија), Дарко Соковиќ (Србија), Вук Војновиќ (Црна Гора) и други.

Како домашни говорници учествуваа повеќе од  50 говорници меѓу кои се: Денис Јанкулоски, Стефан Алексиќ, Петар Антевски, Влад Илиќ, Борче Стаменов, Петар Ниновски, Ѓорче Ставрески, Алвин Салимовски, Никола Писарев, Беса Арифи, Ленче Ристоска, Томислав Кежаровски, Ирена Ристиќ, Роберто Беличанец, Владимир Милчин, Златко Ориѓански, Влатко Васиљ, Фејми Даут, Горан Кунгуловски, Калиa Димитрова, Ена Бендевска, Сашка Цветковска, Клементина Илиевски, Игор Стевковски – Стевац, Горјан Јовановски, Огнен Јанески и други.

ENGAGE е поддржан од National Endowment for Democracy.