Дводневна обука за заштита на лични податоци 

Фондација Метаморфозис ги поканува претставниците на граѓанските организации да бидат дел од дводневна обука за заштита на лични податоци што ја организираме во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европска Унија. Оваа обука ќе им помогне на организациите да го усогласат нивното работење со Законот за заштита на лични податоци, но и да ја подигнат свеста за заштита на личните податоци кај нивните целни групи и да се застапуваат за поголема заштита на личните податоци на граѓаните од страна на институциите и другите контролори на лични податоци

 

Обуката ќе се одржи на 13-ти и 14-ти декември во Скопје, а агендата ќе биде испратена до кандидатите што ќе се пријават за учество на обуката.

 

Бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од обуката да го пополнат формуларот на овој линк: Линк за пријава. Учеството на обуката е бесплатно, а за сите учесници што успешно ќе ја поминат, следува сертификат.

 

Ги очекуваме вашите пријави!