За проектот
Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување е меѓународен проект кој се спроведува во Белгија, Црна Гора, Турција Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Северна Македонија. Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за вработување на младите од Западен Балкан. Проектот започна да се имплементира во март 2020 година, а ќе трае до февруари 2023 година.
Што е job shadowing?
Job shadowing e процес во кој се разменува искуство преку практична работа. Во овој процес, лицето кое што е дел од job shadowing во одреден временски интервал стекнува работни навики и искуство во одреден правен субјект, под надзор на ментор кој му помага во работата. Во ваквите случаи, менторот работи во организацијата во која се случува процесот на job shadowing и најчесто е искусно лице со повеќегодишна работно искуство. Ваквиот начин на тренинг е ефективна форма преку која во исто време се работи и директно се учи преку работата.
Job shadowing во Национален младински совет на Македонија
Во склоп на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ НМСМ ќе понуди овозможувачка средина за едно лице кое ќе го помине процесот на job shadowing во Советот. За ваквиот ангажман ќе биде потпишан договор на два месеци, односно јануари и февруари. Во текот на овие месеци се очекува избраното лице активно да учествува во проектите и програмските активности на здружението. За време на ангажманот, ќе се стекне искуство за:
- Функционирање на мрежни национални организации
- Проектно работење и проектен циклус
- Проектно известување
- Административно и оперативно работење
- Младинско учество и младински политики
- Организација на настани и друг тип на активности
- Градење на партнерства
- Интерна и екстерна комуникација
Предвидениот месечен надоместок за овој ангажман изнесува 15 000 нето, со целосно работно време во текот на праксата.
Како да аплицираш?
Доколку си младо лице на возраст од 18 до 29 години и имаш желба да научиш нешто повеќе за национални и локални младински политики, младинско учество, мрежно работење но сакаш и да стекнеш практично и применливо знаење, тогаш својата биографија и мотивациско писмо достави ги на [email protected] најдоцна до 25.12.2022 година, до 23:59.
Во мотивациското писмо потруди се да ги опфатиш следниве теми:
- Мотивацијата за ангажман во НМСМ
- Видување за мрежното организирање
- Видување за младинското организирање и учество во Северна Македонија
- Активности и практични вештини на кои сакаш да се фокусираш за време на твојот ангажман во НМСМ
Мотивациското писмо не треба да биде подолго од 3 страни односно 1000 зборови.