Младинска мрежа за еднаквост

Младинската мрежа за еднаквост е младинско тело коешто има важна улога во работата на Еквалис, а ќе има и изразена компонента како платформа за локално дејствување на младински активисти од целата држава.

Членовите на Мрежата ќе бидат вклучени во предложување, спроведување и оценување на проектните активности во Еквалис, како и изворно застапување за младинските позиции кога Еквалис ќе застапува за одредени прашања од својата мисија на институционално ниво. Покрај тоа, членовите на Мрежата имаат свои лидерски позиции во локалните заедници каде што живеат.

Младинската мрежа за еднаквост е првата мрежа од ваков тип, каде што млади активно и специфично ќе се залагаат за младите од родовите, сексуални и етнички малцинства.

Стратешки области на Мрежата

card.png

Родова еднаквост Дознај повеќе
card.png

ЛГБТИ+ еднаквост Дознај повеќе
card.png

Меѓуетнички соживот Дознај повеќе