ХЕРА, во рамките на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), објавува повик за учество на обука за врснички едукаторки и едукатори.
Сите заинтересирани треба да ја испратат својата кратка биографија во која ќе го наведат своето претходно волонтерско и активистичко искуство, поминати обуки за човекови права или зa сексуално и репродуктивно здравје и писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат едукаторки и едукатори (најмногу до 500 зборови).
Документите треба да содржат назнака/предмет на пораката “Повик за обука на врснички едукатори” и истите треба да се испратат на [email protected] не подоцна од 24 февруари (петок) до 18 часот.
Линкот до целиот повик е достапен тука.