Повик за младинска размена во Германија на тема “Healthy mind in a Healthy Body”

Go Green објавуваат повик за младинска размена на тема “Healthy mind in a Healthy Body” која ќе се реализира во Гарлштет, Остерхолц Шармбек, Германија од 19-ти до 29-ти јуни 2023 година.

Сите млади лица кои се заинтересирани  за размената треба да имаат завршено еден од едукативните курсеви кои се достапни на Едукативната платформа за млади еко-активисти и да направат барем една локална еко акција, што ќе ги направат подобни за да учествуваат на размената.

Повикот е наменет за сите млади учесници кои се на возраст од 14-19 години, додека пак водачите на групите треба да со возраст над 18 години.

Формата за апликација е достапна тука, а курсевите за млади еко- активисти се достапни на овој линк.

Рокот за аплицирање е до 15ти март.