Стресот е се почеста состојба со која што се соочува секој млад човек. Од една страна стресот изгледа страшно, но од друга страна потребно е да му пристапиш за да го елиминираш.
Токму на таа тема, Младите Можат организира “Работилница за стрес менаџмент” заедно со психологот Ивона Ѓорѓиева, која има за цел лесно и едноставно да дознаеш како да го препознаеш стресот, како да управуваш со стресот и како да го елиминираш.
Доколку сакаш да направиш промена, можеш да се придружиш на 03 март (петок) во 17:00 во просториите на Младите Можат.
Сите заинтересирани можат да се пријават на овој линк.