Серија настани за девојки и млади жени по повод Меѓународниот ден на жената – 8 март

За да го одбележиме Меѓународниот ден на жената – 8 март, ќе организираме серија НАСТАНИ ЗА ДЕВОЈКИ И МЛАДИ ЖЕНИ, низ повеќе градови во државата.
За секој настан креиравме посебен Facebook Event, погледнете ги сите информации на линковите 👇
Во СКОПЈЕ ќе организираме ОТВОРЕН ДЕН, каде сите заинтересирани девојки и млади жени ќе може да остварат КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА СО КАРИЕРЕН СОВЕТНИК! 👧👩
Во БИТОЛА ќе уживаме на ИЗЛОЖБА на уметнички дела на тема „Women Empowerment“, насликани од страна на 8 млади уметнички, под водство на Љубица Буба Солак, една од најдобрите уметнички во Битола. 🎨
Во ШТИП ќе се дружиме на ОТВОРЕН ДЕН исполнет со ДРУШТВЕНИ ИГРИ за млади, како и натпревари во 🎯 Пикадо, ♟️ Шах и 🧱 Џенга.
Во ТЕТОВО ќе следиме како 5 талентирани млади девојки ќе сликаат уметнички дела поврзани со овој важен ден за борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жените! 🖌️
Те очекуваме, дојди заедно да го прославиме и одбележиме Меѓународниот ден на жената – 8 март!