Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Ве поканува да учествувате со Ваши трудови на Десеттата меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, која ќе се одржи во Штип на 28-29 септември, 2023 година. Сите научни работници и истражувачи се поканети да учествуваат во споделувањето на искуства и идеи на различни општествени теми (право, политика и меѓународни односи, социологија, антропологија, медиуми и комуникации, хумана географија итн.).
Три официјални јазици на Конференцијата се македонскиот, англискиот и рускиот јазик. Во продолжение се тематските области на истражување кои се предвидени да бидат опфатени на Конференцијата.
- Право
- Политика
- Општество
- Комуникации, медиуми и односи со јавноста
Рокот за доставување на апстракт е 30 април 2023 година.
Сите информации за тематските обласите, условите, роковите и начинот на аплицирање можете да ги прочитате во целиот повик, кој е достапен ТУКА.
Образецот за структурата на трудот за апликантите е достапен ТУКА.