Отворен повик за 1 координатор на 3 станбени единици за живеење со 24 часовна поддршка во Скопје

Позиција: Координатор на 3 станбени единици за живеење со 24 часовна поддршка во Скопје

Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно)

Вид договор: Договор за вработување со полно работно време

Позадина:

Цма Крик е приватен давател на социјалната услуга живеење со поддршка за лица со попреченост. Во период на 2022 година и почетокот на 2023, успешно се подготвија и се преселија 15 корисници од Специјалниот завод Демир Капија во Скопје. Корисниците живеат во 3 станбени единици во Аеродром. 24 часовна поддршка имаат од страна на негувател.

Опис на работно место ( Координатор) (1 позиција)

Ја координира работата на негувателите и врши стручна работа во насока на ефективно ,ефикасно и економично работење,и реализација на поставените цели и надлежности за станбените единици.

Должности и одговорности (Координатор )

Ја насочува, обединува и координира работата на вработените и ги распоредува работните задачи на вработените во 3 станбени единици (вкупно 12 негуватели и 1 физиотерапевт)

Ја координира севкупната логистика која е потребна да се организира за да станбените единици функционираат секојдневно и ги опслужуваат услугите на корисниците (нарачка на храна, подигање на медикаментозна терапија, комуникација со здравствени службеници).

Го прати интелектуалниот, психомоторниот и социјалниот развој како и можностите за работно окупационо ангажирање на корисниците и изготвува годишен и месечен  план  за работа на членовите од стручниот тим  за третман на корисниците ,

Го следи реализирањето на планот, ги насочува активностите и врши анализа на постигнатите резултати при што предлага мерки за подобрување на ефикасноста во делокругот на својата работа.

Се координира и информира со тимот на Крик за текот и резултатите од третманот на корисниците.

Носител е на програмската едукација за формирање на навики кај корисниците со тешка и најтешка интелектуална попреченост за изведување на основните активности од кругот на билошките, физиолошките и хигиенските потреби, па се до вклучување во воспитно – работни активности со постојан надзор и поттикнување.

Место на извршување на работните обврски: канцеларија на ЦМА Крик во Црниче и местото каде станбените единици се-Аеродром.

Почеток на работата: крај на мај 2023 година.

Почетна плата: 44 903 бруто плата, 30 000 нето плата. Можност за покачување на месечна плата доколку во иднина се отвори и 4та станбена единица.

Потребни квалификации:

да има искуство во работа со лица со попреченост

да има добри координативни и организациски способности

Задолжително е високо образование во областа на: Социјална работа, психологија, специјална едукација, логопедија, правни науки и педагогија. Лицето кое ќе биде вработено, мора да има диплома од некои од дадените факултите.

Видот на образование е потребен поради стекнување со општа лиценца за вршење стручни работи во установа за вон-семејна заштита и кај други даватели на социјални услуги (живеење со поддршка, во домот, во заедницата и советување).

Лица пред дипломирање (завршени испити, но без дипломски труд) нема да бидат земени предвид.

Како да се аплицира:

Ве молиме, испратете кратка биографија и мотивационо писмо на е-адресата: [email protected]

Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Координатор Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани.

Само селектираните  кандидати ќе бидат контактирани.

Рокот за пријавување е до 07.05.2023 година , во 23:59 часот.