Продолжен Повик за аплицирање за волонтер на Мировниот корпус на САД 2023 година

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ВОЛОНТЕР НА МИРОВЕН КОРПУС

Почнувајќи од декември 2023, Мировен корпус Северна Македонија ќе има нова група американски волонтери подготвени да ги понудат своите вештини и знаења, и да соработуваат со училишта, општини, невладини организаци и младински центри низ целата земја. Ги повикуваме сите заинтересирани да аплицират за соработка со некој од нашите волонтери.

Мировен корпус е независна американска владина агенција која им обезбедуваамерикански волонтери на земји што побарале поддршка. Волонтерите на Мировен корпус работат заедно со членовите на заедницата на одржливи локални проекти, разменуваат знаења и искуства и градат пријателства што траат за секогаш. Преку формален меѓувладин договор потпишан во 1996 година, волонтерите на Мировен корпус започнаа да работат со организации и училишта во Северна Македонија за да помогнат во задоволувањето на различните потреби на нивните заедници и да го зајакнат мирот и пријателството меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија. До денес, трите цели на Мировен корпус остануваат исти:

  • Да помогне во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства.
  • Да помогне луѓето од овие земји да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка.
  • Да помогне луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите од земјите во светот.

    ВОЛОНТЕРИ ШТО РАБОТАТ ВО УЧИЛИШТА

    Волонтерите на Мировен корпус што работат во основни и средни училишта можат да понудат поддршка во овие две области:

    Настава по англиски јазик

    Во рамки на програмата за унапредување на англискиот јазик волонтерите соработуваат со наставниците по англиски јазик на следниот начин:

  • Заедно со наставниците по англиски јазик, ги планираат и презентираат часовите по англиски јазик.
  • Спроведуваат интерактивни активности на англиски јазик, како и креативни методи на предавање.
  • Создаваат дополнителни материјали за часовите по англиски јазик.
  • Ги поддржуваат вонучилишните активности поврзани со англиски јазик и развој на младите.

    Инклузивно образование

    Волонтерите што работат во училиштата на инклузивно образование соработуваат со специјалните едукатори и вработените во училиштето на следниот начин:

  • Предаваат заедно со наставниците во училиштето, со цел да ги поддржат учениците со посебни потреби.
  • Ги обучуваат наставниците да употребуваат инклузивни методи во нивните училници и моделираат соодветна употреба на инклузивнии методологии;
  • Ги обучуваат наставниците да работат со родителите, да ги вклучат во едукативните процеси на нивните деца со посебни образовни потреби.

    ВОЛОНТЕРИ ШТО РАБОТАТ СО НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИ И ОПШТИНИ

  • Волонтерите од програматаа развој на заедницата се фокусираат на поддршка на локалните заедници и организации за успешно управување со одржливиот развој на заедницата. Волонтерите ќе работат со организациите и групите во заедницата во нивните напори да ги подобрат нивните активности што се идентификувани од страна на заедницата. Волонтерите и нивните локални колеги ќе работат заедно за да ги постигнат следните цели:
  • Унапредување на капацитетот на организациите и групите во заедницата за справување со идентификуваните потреби на заедницата;
  • Зајакнување на животните вештини на младите преку обуки, клубови и кампови;
  • Проширување на можностите за ангажман во заедницата, особено за младите.

Денови на финансиска независност

Дали ви е тешко да ги заштедите парите?
Колку пати сте си ветиле дека ова е последен месец каде трошите толку пари и дека следниот месец ќе почнете да инвестирате?
🤔 Ви звучи познато?
Ние го имаме одговорот како да почнете да инвестирате што поскоро! Дозволете ни да ви бидеме вашата почетна точка на финансиска независност. 📢💸
На 15ти и 16ти Мај 2023г. ви најавуваме отворен настан “Денови на финансиска независност” каде ќе зборуваме за теми кои иако ги слушаме доста често, можеби не сме свесни што истите значат. 🔜
15.05.2023
16:00ч – Лични финансии
17:00ч – Банки
18:00ч – Отворени инвестициски фондови
16.05.2023
16:00ч – Берза
17:00ч – Крипто
18:00ч – Пенсиски фондови
19:00ч – Осигурување
Настанот е отворен за сите млади и оние коишто се чувствуваат младo. Се што е потребно е да го најавите вашето присуство на следниот линк https://shorturl.at/nFHO6 и да започнете да размислувате за вашата финансиска независност. 💡💰
Ве очекуваме! 🔜