Повик за Асистент за Комуникации во НМСМ

Поради зголемен обем на активности и проекти, НМСМ објавува оглас за:

Работна позиција: Асистент за комуникации

Профил на кандидатот/ката:

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доверените задачи;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Можност да патува во рамките на државатa и надвор од неа за потребите на организацијата;
  • Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
  • Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
  • Самоиницијативност и способност за работа под притисок.
  • Членување во организација членка на НМСМ ќе се смета за предност;

Како да аплицирате?

Испратете кратка биографија и мотивациско писмо на следната е-мејл адреса: [email protected] со назнака: [име и презиме] – Асистент за комуникации најдоцна до 21.05.2023 до 23:59 часот.

Само претселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и интервју. 

Повеќе информации за самиот повик се достапни тука.