ENGAGE – Social Activism Gathering 2023

Социјална промена, слобода на говор и граѓанско ангажирање + креативно-уметнички работилници и мини вечерен концерт пред МКЦ!
Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат на овогодинешното, дванаесеттото издание на единствениот настан за социјален активизам – ENGAGE 2023 кој ќе се одржи на 9-ти јуни во Младинскиот културен центар во Скопје.
Дојдете на денска дружба и поминете го попладнето слушајки приказни и искуства на домашни и странски активисти, учествувајќи во работилници и поддржувајќи ги младите артисти кои ќе земат учество на ENGAGE 12.
Следете ги МОФ и Радио МОФ за да ги дознаете имињата на овогодинешните учесници на ENGAGE! Дополнително, сите детали ќе бидат објавувани и достапни на веб-страницата на конференцијата –  www.engage.mk.
Регистрацијата е отворена преку следниот ЛИНК.
Настанот е поддржан од National Endowment for Democracy.