Отворено предавање за средношколци: работи кои не сте ги знаеле за македонскиот политички систем

Mладински образовен форум ги поканува сите заинтересирани средношколци на отворено предавање со Проф. д-р Ненад Марковиќ на тема „Работи кои не сте ги знаеле за македонскиот политички систем“.

🗓️ Датум: 31-ви мај 2023 година
⏰ Време: 12:00 часот
📍 Локација: Млади Хаб (Димитрие Чупоски 7)

Во текот на ова предавање, Проф. д-р Ненад Марковиќ ќе сподели интересни аспекти за функционирањето на политичкиот систем во нашата држава, за кои веројатно не сте биле информирани до сега. Преку интерактивни дискусии и примери од реални ситуации, ќе имате можност да ја истражите важноста на политиката и улогата на младите во демократските процеси. Фокусот на ова предавање ќе бидат институциите, механизмите на политичкиот систем, како и начините преку кои можеме да влијаеме за да ја обликуваме иднината на нашата заедница.

Ова е одлична можност да откриете нови информации и да се вклучите во активни дебати за политиката во нашата земја. Бидете дел од генерацијата која ќе ja промени и обликува иднината.

Доколку сакате да го проследите предавањето, ве молиме вашиот интерес и присуство да го потврдите најдоцна до 29-ти мај на [email protected]

Отвореното предавање се организира во рамки на проектот „Практикувај Демократија“, имплементиран од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а поддржан од Британската амбасада во Северна Македонија.

Младинска акција во Општина Кисела Вода

Младинската група од Центар за младински активизам – КРИК на 29.05 со почеток во 11 часот, ќе спроведе теренско истражување на младите од општина Кисела Вода како дел од проектот „Промената доаѓа од младите“.
Темата која ќе ја истражува оваа младинска група е: Дали и колку се младите од Општина Кисела Вода задоволни од проектите кои ги спроведува општината за младите?
Биди и ти дел од промената која ја создаваат младите! Дојди и искажи го својот став!
Истражувањето ќе биде спроведено во дворот на средното училишта Васил Антевски Дрен.
Линк од фб настан овде.
Проектот „Промената доаѓа од младите“ се спроведува во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски Центар Скопје – Volunteers Centre Skopje и Forumi Gruas со поддршка од Европската Унија.