American Corner во Штип има потреба од вработен на позиција Resource Center Specialist со скратено работно време.
American Corner е ресурсен центар лоциран во рамките на Националната установа/Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип. Тоа е четврто катче отворено во Северна Македонија и прво во источниот регион на Северна Македонија. Ова американско катче е партнерство помеѓу Секторот за односи со јавноста при Амбасадата на САД во Скопје и Националната установа/Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.
Доколку сте доверливо, одговорно лице кое има силни комуникациски вештини тогаш може да аплицирате за оваа работна позиција до 21 јуни 2023 година.
Одговорности:
- креирање, дизајнирање и организирање програми и настани за AC Штип во соработка со другиот персонал на Американското катче и Амбасадата на САД
- подготовка на места, промотивен материјал, материјали, логистика, содржина на социјалните медиуми итн., за програми и настани
- воспоставување и одржување врски со други американски катчиња, библиотеки на англиски јазик, универзитети, културни центри и слични институции и идентификување на нови потенцијални партнери низ Северна Македонија
- вршење на дополнителни активности кои ги налагаат проектите
- подготвување статистички и наративни извештаи за активностите
- водење точна евиденција за користење на материјали, бројки и типови на клиенти, посетители итн.
- креирање и дизајнирање на дигитални промотивни производи – постери, флаери и виртуелна содржина за страниците на социјалните мрежи на Американското катче Штип и официјалната веб-страница;
- навремена и ефикасна комуникација со членовите на AC Штип
- насочување и се справување со секојдневните активности
- обучување волонтери и членови на заедницата да помогнат во програмите.
Заинтересираните кандидати за оваа позиција треба да достават CV и мотивационо писмо на следната е-адреса: [email protected] најдоцна до 21 јуни 2023 година. Целиот оглас може да го видите тука.