Младински истражувачки Хакатон

Во рамки на #МладиХаб проектот, во селото Вешје ќе биде организиран Младински истражувачки хакатон за младите од Општина Неготино.

Доколку сте заинтересирани да истражувате и да се запознаете со богатствата и природните ресурси на Вешје, пријавете се во еден од тимовите и изберете тема за истражување.

Сите заинтересирани можат да го пријават своето учество со пополнување на формуларот достапен тука.

Рокот за пријавување на хакатонот е 10 јули 2023 (понеделник). 

Подготовката на тимовите ќе се одвива од 17 до 21 јули во Неготино, додека самиот младински хакатон ќе се одржи на 22 јули, во село Вешје.

Дојдете, учествувајте на хакатонот, научете нешто ново, запознајте се со нови луѓе и збогатете го вашето искуство.

Ве очекуваме!

Повеќе инфромации за хакатонот можете да пронајдете тука.

Повик за програмски/ка координатор/ка на програмата Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики

Согласно чл. 24 од Статутот на МОФ, Младински образовен форум објавува Повик за програмски/ка координатор/ка на програмата Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики.

Апликацијата за програмски/а координатор/ка се подготвува од страна на кандидатот/ката за позицијата програмски/а координатор/ка во рамки на програмата: Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики. Координаторот/ката на програмата Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики работи со мандат од 18 месеци и има право на неограничен реизбор согласно условите наведени во TOR-от за позицијата.

Опис на обврските на координаторот се наведени во TOR-от прикачен кон овој повик.

Ангажманот на координаторот/ката е 40 часа неделно и за истиот има предвиден финансиски надоместок во износ од 43.000 – 52.000 денари бруто во зависност од искуството и образованието на кандидатот/ката.

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 16.07.2023 година (недела, 23:59 часот) на [email protected] и [email protected], со праќање на:

– Биографија (CV);

– Moтивациско писмо во должина до 1 страница и

– Апликација за работа во должина од не повеќе од 2 страни

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју со комисијата составена од членови на Управниот одбор и извршната канцеларија на МОФ. Управниот одбор во полн состав ќе донесе одлука за избор на координатор на програмата.