Отворен повик за учество на работилници за изработување на накит од монистра финансирани преку проектот „Млади хаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите“

Здраво девојки!🙋‍♀️

  • Што: ЦМА КРИК отвара повик за заинтересирани девојки кои сакаат да научат нешто повеќе за како се изработува накит од монистра.

Активностите кои ќе се спроведуваат ќе бидат насочени кон градење на капацитетите за вклучување на младите девојки на пазарот на труд. Главниот фокус на кој ќе се работи е изучување и вежбање на техники за изработка на накит, како и создавање на финален производ – накит.

 

  • За кого: Ги повикуваме сите заинтересирани млади девојки од 18 до 29 години, со или без попреченост да се вклучат во активностите чии главни цели се:

-да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството,

-да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

  • Кога: Работилниците се планирани да се одржуваат 3 пати неделно и тоа секој понеделник, вторник и петок. Работилниците започнуваат од 13 до 15 часот. Работилниците се одвиваат континуирано во текот на август-ноември 2023 година. По успешно учество на работилниците и подготовка на накитот, постои можност и за хонорарен ангажман по промовирање на накитот.

 

  • Каде: Работилниците ги водат окупациони терапевти кои работат во Центарот за окупациона терапија Крикни. Локацијата на работилниците ќе биде Центарот за окупациона терапија која се наоѓа во месната заедница Црниче.

Рокот за Аплицирање е до 29.08.2023

Проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите” го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Stella Network, со финансиска поддршка од страна на Британската амбасада во Скопје. Целта на проектот е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Доколку ви се потребни повеќе информации можете да не исконтактирате на [email protected]

Аплицирајте тука

Промената доаѓа од младите

Завршниот настан во рамките на проектот „Промената доаѓа од младите“ ќе се оддржи на 24.08.2023 со почеток од 19:30ч во паркот Шопен, Кисела Вода.
Преку стенд ап настапот на артистите Изабела Пан и Радо Алексовски ќе имате можност да дознаете многу повеќе за тоа што е младинско учество, колку е тоа важно и треба да се биде дел од истото. По завршувањето на стенд ап-от ќе настапи бендот Live Wire.
Целта на проектот „Промената доаѓа од младите“ е активно вклучување на младите од Кисела Вода во развојот на својата општина. На проектот се вклучени 20 млади со типичен развој или попреченост, поделени во 5 групи, тие ги мапираа прашањата кои ги засегаат младите во општина Кисела Вода и истите спроведоа свои иницијативи. Произлезените резултати од иницијативите беа адресирани до соодветните институции како чекор кон решавање на младинското прашање.
Активностите на проектот „Промената доаѓа од младите“ ги спроведува Центарот за младински активизам КРИК, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија. Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е воден и координиран од Коалиција на младински организации СЕГА.

Еко-Кино на точак

“Биди зелен“ Ве поканува на Еко-Кино на точак  

Проекција на кратки филмови:

“Bike Stories” (15min) – Приказни на точак

“Legs of Amsterdam” (12min) – Нозете на Амстердам

📍: Могила на непобедените
🗓️: 23-ти август (среда)
🕐: 20:00ч
Настанот е организиран во рамките на проектот „Младински активизам за зелени општини вол.3”, имплементиран од Гоу Грин, финансиран од Канцеларијата на Фондацијата Хајнрик Бол во Сараево и локална соработка со Општина Прилеп.