Ајде заедно да ја покренеме свеста за негативното влијание на сајбер насилството, но и да разговараме за достапните механизми за справување и превенција на истото.
Место: Netaville, Скопје
Со почеток во 16 часот, дискусијата цели да ги информира и едуцира младите за достапните механизми за справување со сајбер насилство и да поттикне однесувања кај младите кои водат кон превенција на сајбер насилство.
На дискусијата ќе говорат Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, младиот Европски амбасадор и член на Младински совет на Амбасадата на САД, Иван Дургутов, ко-основачката на „Стела нетворк“, Сара Миленковска и психологот Сања Стефановиќ.
Модераторка на дискусијата ќе биде Теодора Столевска, директорка на Младински образовен форум (МОФ).
Настанот е дел од кампањата „Сложувалка“ по повод 16 дена активизам за борба против насилството врз жените и се спроведува во рамки на Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности во партнерство со Министерство за труд и социјална политика и UNFPA North Macedonia.