За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвораме повик за:
1 координатор на проекти и младински политики
Основни информации:
Полно работно време или 40 часа неделно (од понеделник до петок од 8 или 9 до 16 или 17 часот.
Аплицирај со кратка биографија и мотивационо писмо на [email protected]
Рок за аплицирање: 15.12.2023-започнување со работен ангажман-9ти јануари 2024
Работни обврски:
• Да координира проекти од различни донатори
• Да комуницира со партнерите на проектите и донаторите
• Да води логистичка и техничка подготвеност за проектните активности
• Да ја следи и администратира проектната документација
• Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
• Директно е вклучен во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
• Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;
• Заедно со тимот на Крик создава нови програми во зависност од потребите на целната група
• Ги следи младинските политики на национално и меѓународно ниво
• Одржува контакт со мрежите каде Крик е дел
• Учествува на настани поврзани со проектите кои ги води и оние од интерес за младинските политики
Потребни квалификации:
Да биде способен/а програмски и логистички да организира настани и активности;
Способност за работа со различен вид на партнери, институции и донатори како и менаџирање на ризици и справување со луѓе со различни карактери
Да има познавање од едукативните настани од различни програми како на пример Европски солидарен корпус и Ерасмус + и програмското и логистичкото работење на програмата при склопувања партнерства и комуницирање со партнери;
Флексибилност при одговарање на менување на потребите на партнерите, донаторите, институциите и извршната канцеларија;
Способност да придонесува и работи во тим;
Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
Да има напредни познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори;
Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација;
Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик.
Што нудиме:
Флексибилна работна средина
Тим спремен да ве поддржи во работата
25 дена годишен одмор
Патувања во странство на работни состаноци и обуки
Можност за ангажман со вработување или хонорарен ангажман (според потребите на кандидатот)
Работен простор: извршна канцеларија на Цма Крик кој се наоѓа во Црниче