Рокот за аплицирање на Повикот за учество во Регионалната програма за истражување и активизам за млади е продолжен до 21-ви јануари 2024 година.
Младински образовен форум (МОФ), Центар за наука и иновации за развој од Албанија и Младинска иницијатива за човекови права (YIHR) од Србија објавуваат повик за истражување, активизам и зајакнување на регионалната соработка меѓу трите земји наменет за млади лица.
Повикот е дел од Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP) за 2023/24 и е отворена за млади на возраст од 21-30 години, кои се студенти, припадници на академската заедница или граѓанските организации, млади професионалци и младински активисти од регионот кои се заинтересирани за развивање на своите капацитети во областа на истражување, застапување, лидерство, активизам, интеркултурна размена и зајакнување на регионалната соработка меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија
Кандидатите ќе аплицираат со нивните индивидуални предлози за акции за застапување водени од податоци, кои се фокусираат на една од приоритетните тематски области:
а) Регионална соработка и европска интеграција,
б) Образование и можност за вработување,
в) Миграција и одлив на мозоци,
г) Младинско учество и
д) Младинска акција за двојна транзиција: дигитална и зелена.
Сите кои се заинтересирани треба да аплицираат со предлог-теми за обработување за време на мобилноста и тоа во склоп на една од овие области: Регионална соработка, Образование и можност за вработување, Миграција и одлив на мозоци, Учество на млади и Младинска акција за заштита на животната средина.
Сите избрани кандидати ќе поминат период на мобилност во времетраење од две недели во секоја од земјите, каде што ќе работат на одбраните теми заедно со членовите од тимот и нивните ментори. Рокот за аплицирање на повикот е најдоцна до 21 јануари 2024 година. На учесниците кои ќе бидат избрани ќе им биде обезбедена финансиска поддршка за да ги завршат нивните проекти и да ги покријат трошоците за мобилноста.
Заинтересираните апликанти можат да добијат повеќе информации со испраќање меил на следната e-mail адреса: [email protected].
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Прочитајте го целосниот повик за аплицирање за RYLMP 2023/24 (преземете овде)
Прочитајте ги Најчесто поставуваните прашања (преземете овде)
Процесот на аплицирање има два чекори:
Чекор I –
Заинтересираните кандидати треба да го пополнат Формуларот за аплицирање;
Да достават Шаблон за предлог акција за застапување водени од податоци на RYLM (преземете овде);
Биографија;
Препорака, вклучително и контакт од препорачателот.
Чекор II – Интервјуа со кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Ќе се обработуваат само целосно пополнетите апликации.
*Финансиската поддршка за учество во програмата е обезбедена од Фондацијата Отворено општество.