Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ и Центарот за социјална иницијатива ЦСИ Надеж, Скопје за потребите на проектот ЗЗЗ- ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавува повик за тендерска документација за:
ДВЕ ЕКСПЕРТСКИ ПОЗИЦИИ за спроведување акциско истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“
Информации за проектот:
Име: ЗЗЗ – ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Координатор: Центар за младински активизам ЦМА КРИК
Партнери: Здружение Центар за Социјална иницијатива НАДЕЖ и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ
ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
ЦЕЛНА ГРУПА
- стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците,
- локалните општини
- давателите на социјални услуги и корисниците и
- младинските работници и младите
ВРЕМЕТРАЕЊЕ
01.12.2023 – 30.09.2026
Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.
Главната цел на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.
Информации за активноста Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“
Една од проектните активности е акциско истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ на ниво на 8 плански региони.
Целта на активноста е да се добие формирана квантитативна и квалитативна оцена за перцепциите, ставовите и искуствата на младите за заштита на животната средина и климатските промени (на пр: менаџирање со отпад, водоснабдување, диви депонии, загаден воздух, опожарени подрачја, снабдување со електрична енергија и сл.), комуникациски и општествени модели за охрабрување и зајакнување на младите за активно вклучување во заштита на животната средина и отпорност на климатските промени. Планираното акциско истражување е метод кој се фокусира на идентификување, но и решавање проблеми поврзани со заштита на животната средина и отпорност на климатските промени. Акцентот е ставен на решавање на проблемот преку генерирање знаење и преземање акција во рамките на локалните средини, во кој се наоѓа проблемот преку вклучување на младите. Комбинацијата на предложени техники и инструменти ќе има за цел да се добие увид во состојбите од една страна, а од друга страна да се овозможи соодветна и ефикасна обработка и анализа на податоците, увид во моменталната состојба, соодветно идентификување на тесни грла и јазови во спроведувањето активности за заштита на животната средина, создавање соодветни препораки, но и поттикнување извесни промени кои ќе придонесат кон создавање документи од корист за целната група и поставување стандарди неопходни за понатамошно унапредување на состојбата поврзана со заштита на животната средина и отпорност на климатските промени.
НАБАВУВАЧИ
Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје со седиште на ул. „11-ти Октомври“ бр.42 А, Скопје, застапувана од Гоце Прцуловски, претседател на здружението на граѓани и
Центар за социјални иницијативи ЦСИ Надеж, Скопје со седиште на ул. „Гвадалахара“ бр. 20, Скопје, застапувана од Марина Бојанова, претседателка на здружението на граѓани.
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА
Главни активности на експертите
Предмет на набавката е експертски ангажман[1] нa две лица од областа на :
- Методологија и истражување (во понатамошниот текст Експерт/ка 1) и
- Младинска работа и/или социјална работа (во понатамошниот текст Експерт/ка2)
За исполнување на ангажманот кој е предмет на овој повик, експертите/ките ќе треба да ги спроведе следните работни задачи:
Експерт/ка 1
- Составување методологија на истражување за добивање формирана квантитативна оцена за перцепциите, ставовите и искуствата на младите за заштита на животната средина и климатските промени (на пр: менаџирање со отпад, водоснабдување, диви депонии, загаден воздух, опожарени подрачја, снабдување со електрична енергија и сл.), комуникациски и општествени модели за охрабрување и зајакнување на младите за активно вклучување во заштита на животната средина и отпорност на климатските промени;
- утврдување примерок за теренско истражување – анкета;
- изработка на структуриран прашалник за теренско истражување/анкета;
- спроведување обука на теренски истражувачи/ки – анкетари/ки за спроведување теренско истражување;
- планирање и координирање теренско истражување-анкета и прибирање податоци од терен;
- поставување основа за обработка и обработка на податоците од теренско истражување (вкрстување на индикатори од внесените податоци во SPSS програма, соодветно на категориите и подкатегориите, соодветно на структурата на прашалникот);
- изработка на национална анализа со вклучени резултати од истражувањето за заштита на животната средина – анализа, толкување, компарирање и воопштување на вкрстеното табеларно и графичко прикажани податоци, односно резултатите добиени од истражувањето, изведување заклучоци и препораки за унапредување;
- редовна координација и соработка со експерт 2;
- редовна координација и соработка со проектниот тим.
Експерт/ка 2
- Учество во составување методологија на истражување за добивање формирана квантитативна оцена за перцепциите, ставовите и искуствата на младите за заштита на животната средина и климатските промени (на пр: менаџирање со отпад, водоснабдување, диви депонии, загаден воздух, опожарени подрачја, снабдување со електрична енергија и сл.), комуникациски и општествени модели за охрабрување и зајакнување на младите за активно вклучување во заштита на животната средина и отпорност на климатските промени;
- учество во утврдување примерок за теренско истражување – анкета;
- спроведување обука на теренски истражувачи/ки – анкетари/ки за спроведување теренско истражување;
- координирање теренско истражување-анкета и прибирање податоци од терен;
- поставување основа за толкување на обработените податоците од теренско истражување;
- изработка на национална анализа со вклучени резултати од истражувањето за заштита на животната средина – анализа, толкување, компарирање и воопштување на вкрстеното табеларно и графичко прикажани податоци, односно резултатите добиени од истражувањето, изведување заклучоци и препораки за унапредување;
- редовна координација и соработка со Експерт 1.
- редовна координација и соработка со проектниот тим.
Период на ангажманот
Вкупниот ангажман на експертот/ката ќе се состои од:
Ангажирано лице | Временска рамка за спроведување |
Експерт 1 – Експерт за методологија и истражување | 18 експертски денови (од 01.02.2024 до 30.09.2024) |
Експерт 2 – Експерт од областа на младинска работа и/или социјална работа | 18 експертски денови (од 01.02.2024 до 30.09.2024) |
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Експерт/ка 1
Експертот/ката треба да ги исполнува следниве квалификации:
- Минимум завршени додипломски студии од областа на општествените, правните или политичките науки. Завршени магистерски или докторски студии во областа на општествените, правните или политичките науки, ќе се сметаат за предност.
- Најмалку 3 години работно искуство во истражување и креирање анализи. Искуството како предавач, обучувач, аналитичар и/или работното искуство кое применува аналитичко-истражувачки вештини ќе се смета за предност.
- Искуство во изработка на документи, прирачници и друг вид публикации од областа на социјалната работа, социјалната политика и младинската работа. Искуството/учеството во изработка на нормативни акти (закони, правилници, политики, кодекси итн) или изработка на содржини на стратегии, програми од областа на социјалната заштита, заштита на животната средина и/или младинската работа ќе се смета за предност.
- Напредни истражувачки и аналитички способности, поткрепени со референтна листа.
Експерт/ка 2
Експертот/ката треба да ги исполнува следниве квалификации:
- Минимум завршени додипломски студии од областа на општествените, правните или политичките науки. Завршени магистерски или докторски студии во областа на општествените, правните или политичките науки, ќе се сметаат за предност.
- Најмалку 3 години работно искуство во работа со млади. Искуството како предавач, обучувач, и/или работното искуство во работа со млади во ризик, млади со попреченост и млади со помалку можности кое применува аналитичко-истражувачки вештини ќе се смета за предност.
- Искуство во изработка на документи, прирачници и друг вид публикации од областа на младинската работа. Искуството/учеството во изработка на нормативни акти (закони, правилници, политики, кодекси итн) или изработка на содржини на стратегии, програми од областа на младинската работа ќе се смета за предност.
- Напредни истражувачки и аналитички способности, поткрепени со референтна листа.
КРИТЕРИУМИ за избор на најповолен понудувач и доделување на договорот за соработка
Предметот на набавката е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови наведени во барањето за поднесување на понудата. Во спротивно, понудата ќе се смета за нецелосна и неприфатлива.
Критериумот за доделување договор за набавката е според принципот „најдобро понудена услуга за цената“ (the best value for money-quality ratio). Вкупната оцена за исполнителноста на понудата ќе биде формирана според следните критериуми и бодови, со примена на формула за пресметување на бодовите за доделување на договор за набавка:
Цена | 40 бода |
Квалитет (според исполнителноста на потребните квалификации) | 40 бода |
Рок на испорака | 20 бода |
РОКОВИ
Рок за доставување на понудите | 23.01.2024 година |
Рок за избор на најповелен понудувач, известување и | 25.01.2024 година |
Потпишување договор за соработка | 01.02.2024 година |
Рок за спроведување на активностите и испорака на услугата | 01.02.2024 – 30.09.2024 година |
Партнерските организации, носители на грантот го задржуваат правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачите, во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Понудата треба да содржи:
- професионална биографија (CV) на кандидатот/ката;
- листа на реализирани проекти, услуги, активности, публикации релевентани за повикот;
- документ – предлог методологија, со временска рамка во однос на планирани активности за спроведување на акциското истражување;
- финансиска понуда, со целосна содржина наведена во точки 2 и 3 од повикот;
- пропратно писмо кон понудата.
Комплетираната документација се доставува електронски, во еден оригинален примерок, потпишана од страна на кандидатот/ката.
Понудите се доставуваат во електронска форма напроектната електронска адреса: [email protected]
Дописот со проследената понуда треба да биде насловена: Понуда за – Експертска позиција (да се наведе експертска позиција 1 или експертска позиција 2) за спроведување акциско истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“). Понудите треба да се достават до наведениот рок и истите треба да содржат и пропратно писмо потпишано од кандидатот/ката.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди кои нема да бидат изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.
НАПОМЕНА: Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје и Центарот за социјални иницијативи ЦСИ НАДЕЖ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спореведуваат.
[1] Државни службеници и/или останатиот персонал тековно вработени во јавната администрација може да аплицираат на повикот доколку прикажат/потврдат дека се во можност да ги исполнат должностите/активностите надвор од работните обврски, односно надвор од работното време.