Повик за за локални младински акции

Фондот за население на Обединетите нации –  УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот младински проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, објавува повик за предлози за 8 (осум) локални младински акции кои ќе се реализираат на територијата на Република Северна Македонија.

Главната цел на овој повик за предлози за младински локални акции е да се поддржат младите (вклучувајќи ги и членовите на Локалните младински совети) на локално ниво низ Северна Македонија во промовирање на конструктивни наративи, поттикнување на инклузијата, интеркултурно учење, градење меѓусебно разбирање и доверба. Сите локални иницијативи водени од младите, имплементирани во соработка со МОФ (Младински образовен форум) како дел од овој предлог повик, мора да се усогласат и активно да придонесат кон вредностите наведени во регионалниот проект. Тимовите кои ќе аплицираат на овој повик со нивна идеја за локална младинска акција, треба да имаат максимум 3 (три) членови.

За секоја локална младинска акција се предвидуваат финансиски средства до 160.000 денари. Сите трошоци треба да се предвидат согласно програмските активности. Средствата ќе бидат менаџирани од Младински образовен форум (МОФ) во тесна соработка со тимовите. Набавките за сите активности ќе се направат од Младински образовен форум (МОФ) според правилата на организацијата. Локалните младински акции ќе треба да се спроведат до 31 март 2024 година.

Kритериуми за оценување

За оценување на предлог локалните младински акции ќе биде ангажирана комисија која што ќе ги следи следните критериуми при оценување на предлог акцијата:

  • Релевантност на проектот;
  • Иновативност и креативност на локалната младинска акција;
  • Вклучување на заедницата, влијание на акцијата и одржливост;
  • Локалната младинска акција треба да биде водена од младите и фокусирани на младите.

Откако ќе се изврши селекција на 8 (осумте) локални младински акции, ќе биде организиран национален BootCamp, кој што ќе се одржи на крај на месец февруари (28.02 – 02.03.2024). Сите членови на победничките тимови треба да учествуваат на националниот BootCamp.

Целите на националниот BootCamp се:

  • Зајакнување на капацитетите на младите за да бидат активни креатори на промени и да бидат гласот на потребите на сите млади на локално ниво.
  • Поддршка на младите да формулираат решенија специфични за заедницата за справување со предизвиците што преовладуваат во нивните соодветни региони.
  • Поттикнување на нови партнерства кај младите и размена на позитивни примери и искуства.
  • Финализирање на акциските планови на младинските локални акции.

Повеќе информации за процесот на аплицирање може да најдете во Прирачникот за аплицирање и имплементација на локални младински акции.

Краен рок за аплицирање е 18 февруари 2024 со испраќање на пополнет предлог-концепт и буџет за локалната младинска акција. Избраните тимови ќе бидат известени најдоцна до 22 февруари 2024.

За сите дополнителни прашања, може да се обратите до Ивона Кузмановска на [email protected].

Повик за изработка на медиумски производи

Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот младински проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, објавува повик за 15 млади од општините: Велес, Битола, Гостивар, Охрид и Струга за изработка на медиумски производи на тема: конструктивни наративи, поттикнување на соработка, интеркултурен дијалог, разбирање и доверба.

Кандидатите за учество во програмата треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да се млади на возраст од 18 до 29 години;
  • Да покажуваат интерес и разбирање за темите;
  • Да се во можност да учествуваат на четиридневна обука за градење вештини за подготовка на медиумски производи на почетокот на месец март (2-5 март 2024);
  • Да се обврзат дека по завршената обука ќе можат активно да се вклучат во теренска работа во локалните заедници за изработка на медиумските производи, во тесна соработка со ментори кои ќе бидат определени од УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ);
  • Избраните учесници исто така се обврзуваат да земат активно учество во последователна средба, по комплетирање на медиумските производи.

Главната цел на повикот е промоција на конструктивни наративи во јавноста од младите за младите кои ќе поттикнат мултиетничка соработка, инклузија и родова еднаквост. Областите на кои ќе треба да се фокусирани медиумските производи вклучуваат: врсничка едукација, идентитет и интеркултурен дијалог, младинско учество, младински активизам и обликување на перцепциите за стереотипи, предрасуди и дискриминација.

Избраните учесници ќе посетат четиридневна обука (Boot Camp) за да се стекнат со потребните вештини и алатки за изработка на медиумски производи/приказни. На обуката младите ќе учествуваат на сесии за основи на новинарството и развивање на приказна, новинарска фотографија, техники за видео и аудио снимање и едитирање на мултимедијални производи. Медиумските производи кои ќе бидат креирани од учесниците ќе опфатат различни формати (веб, видео, аудио, печатени). Сите медиумски содржини кои ќе бидат изработени од младите учесници ќе бидат објавени и на социјалните мрежи на МОФ и УНФПА. Апликантите треба да покажат дека имаат јасен концепт за посакуваниот исход од содржините што ќе ги развијат.

По завршување на обуката, учесниците ќе работат со ментор што ќе ги координира учесниците од една општина и ќе ги советува при изработка на медиумските производи. Во исто време, менторот ќе работи со избраните учесници на унапредување на квалитетот на медиумските производи согласно целите на проектот. Трошоците поврзани со спроведување на задачата ќе бидат соодветно надоместени по претходно одобрување и во согласност со политиката на организаторот.

Краен рок за аплицирање е 20 февруари 2024. Избраните учесници ќе бидат известени најдоцна до 23 февруари 2024.

За сите дополнителни прашања, може да се обратите до Ивона Кузмановска на [email protected].

Поткаст „Знам, делувам, креирам – Од младите за младите“ со Стевче Стевановски

Во четвртата епизода од поткастот „Знам, делувам, креирам – Од младите за младите“, што го реализира Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, гостин е градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски.

Со него разговаравме за тоа колку се слуша гласот на младите во донесувањето одлуки на локално ниво.

„Оваа активност е дел од проектот „Заедници инклузивни за млади“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар, со финансиска поддршка од Европската Унија. Главната цел на проектот е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот.

Поткастот е достапен на Spotify каналот на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола.