Буткамп за Раст наменет за млади луѓе од прекуграничниот регион Србија и Северна Македонија

Од 25ти до 28ти февруари, во Хотел Белви, општина Илинден, ќе се одржи Буткамп за Раст наменет за млади луѓе од прекуграничниот регион Србија и Северна Македонија.

Настанот го организира Центарот за управување со знаење заедно со Центарот за развој на Скопски плански регион, Центарот за развој на Јабланичког и Пчињског округа, и Општината Власотинце, во рамките на проектот „Шанса за Тебе“, кофинансиран од ЕУ преку Прекуграничната програма Србија – Северна Македонија.

Главната цел на овој камп е да ги поддржи младите од прекуграничниот регион на Северна Македонија во развивањето на нивните работни и претприемачки вештини, како и да им помогне во препознавањето на можностите за професионален и кариерен раст.

Условите за учество се следни:

1) Возраст меѓу 16-29 години;

2) Жител на една од општините кои припаѓаат на прекуграничниот регион од Северна Македонија: Сопиште, Студеничани, Зелениково, Сарај, Ѓорче, Бутел, Арачиново, Илинден, Петровац, Чучер Сандово, Липково, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Негоричане, Ранковце

Учеството е бесплатно за сите избрани учесници, а буџетот на проектот ги покрива трошоците за превоз, сместување и храна.

ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

Рокот за регистрација е до 21ви февруари, 2024 година.

Поткаст „Знам, делувам, креирам – Од младите за младите“ со Златко Талевски

Во шестата епизода од поткастот „Знам, делувам, креирам – Од младите за младите“, што го реализира Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, гостин е Златко Талевски, претседател на Локален совет за волонтерство на Општина Битола.

Со него разговаравме за младите и волонтерство.

Оваа активност е дел од проектот „Заедници инклузивни за млади“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар, со финансиска поддршка од Европската Унија. Главната цел на проектот е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот.

Поткастот е достапен на Spotify каналот на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола.