Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје за потребите на проектот ЗЗЗ – ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавува:
Повик 6/2024: Регионален организатор на фокус групи
за спроведување фокус групи како дел од акциско истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“
Информации за проектот:
ИМЕ: ЗЗЗ – ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
НОСИТЕЛ: Центар за младински активизам ЦМА КРИК, Скопје
ПАРТНЕРИ: Здружение Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, Скопје и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје
ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
ЦЕЛНА ГРУПА
− стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците,
− локалните општини
− давателите на социјални услуги и корисниците и
− младинските работници и младите
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 01.12.2023 година – 30.09.2026 година
Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.
Главната цел на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.
Информации за активноста ФОКУС ГРУПИ „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“
Оваа истражувачка активност планирано е да се одвива во сите осум плански региони, преку организирање вкупно 16 фокус групи (по две фокус групи во секој регион):
1) Фокус група (со 4 девојки и 4 момчиња) на возраст од 15 до 19 години
2) Фокус група (со 4 млади жени и 4 млади мажи) на возраст од 20 до 29 години.
Една од проектните активности е спроведување фокус групи „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ на ниво на 8 (осум) плански региони. Активноста е дел од предложената методологија од страна на експертот за методологија и истражување за спроведување акциско истражување. Во акциското истражување се користат најмалку три извори на податоци (триангулација) како основа за успешно спроведување на активноста. Со ваков начин на организирање на податоците може да се идентификуваат трендовите и состојбите поврзани со темата: „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава одржлива животна средина за сите“. Но, во оваа методологија експертот предлага пет активности кои одговараат на прибирање податоци од пет извори на податоци, кои се комплементарни едни на други: деск анализа, теренско истражување – анкета, дискусии во фокус групи, тркалезни маси и интервјуа со засегнати страни.
Целта на спроведување на фокус групите е да се добие квалитативна оцена за перцепциите и искуствата на младите од различни возрасни групи за животната средина и климатски промени (нпр: менаџирање со отпад, водоснабдување, диви депонии, загаден воздух, опожарени подрачја, снабдување со електрична енергија и сл.), комуникациски и општествени модели за охрабрување и зајакнување на младите за активно вклучување во заштита на животната средина и отпорност на климатски промени. Добиената оцена ќе се се вклучи во анализата како составен дел на акциското истражување.
НАБАВУВАЧ
Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје со седиште на ул. „11ти Октомври“ бр. 42 А, Скопје, застапувана од Гоце Прцуловски, претседател на здружението
ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА
1. Главни активности на организаторот на фокус групи
Предмет на набавката е ангажман(1.) на регионален организатор на фокус групи за сите 8 (осум) плански региони во Република С Македонија. За исполнување на ангажманот кој е предмет на овој повик, организаторот треба да:
Државни службеници и/или останатите заинтересирани лица што се тековно вработени во јавната администрација може да аплицираат на повикот доколку прикажат/потврдат дека се во можност да ги исполнат должностите/активностите надвород работните обврски, односно, надвор од работното време согласно законите (10 часа неделно).
Избраниот регионален организатор континуирано ќе соработува со фацилитаторот на фокус групите маси, ангажираните експерти за спроведување на акциското истражување и со проектниот тим.
Предвиден надомест за регионален организатор на фокус групи по регион е 6. 000,00 МКД (шест илјади денари) во бруто износ за 1 (еден) регион.
НАПОМЕНА: Не се предвидени дополнителни средства за евентуалните патни и друг вид трошоци за спроведување на теренските активности во кои ќе биде вклучен регионалниот организатор.
Период на ангажманот на регионалниот организатор на фокус групи: 14 јуни, 2024 година до 05 јули, 2024 година.
2. Потребни квалификации на регионалниот организатор на фокус групи:
Дипломиран социјален работник/социјална работничка или студент/студентка на Институтот за социјална работа и социјална политика.
Искуството во организирање и/или поддршка за организирање настани.
Одлични писмени и усни комуникациски вештини, вклучително и способност соодветно да постават прашања и да комуницираат со чинители.
КРИТЕРИУМИ за избор на најповолен понудувач и доделување на договорот за соработка
Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови наведени во барањето за поднесување на понудата. Во спротивно, понудата ќе се смета за нецелосна и неприфатлива.
Критериумот за доделување договор за набавката е според принципот „најдобро понудена услуга за цената“ (the best value for money-quality ratio). Вкупната оцена за исполнителноста на понудата ќе биде формирана според следните критериуми и бодови, со примена на формула за пресметување на бодовите за доделување на договор за набавка:
РОКОВИ
Рок за доставување на понудите 05.06.2024
Рок за избор на најповолен понудувач и известување 06.06.2024
Потпишување договор за соработка 14.06.2024
Рок за спроведување на активностите и испорака на услугата 14.06.2024 – 05.07.2024
Партнерските организации, носители на грантот го задржуваат правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачите, во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Понудата треба да содржи:
професионална биографија (СV) на кандидатот/кандидатката што се пријавува за регионален организатор на фокус групи,
референтна листа за поткрепа на потребното искуство на кандидатот/кандидатката.
Понудите се доставуваат во електронска форма на проектната електронска адреса [email protected]. Дописот со проследената понуда треба да биде насловена: Понуда за број на повик 06/2024 – Регионален организатор за спроведување фокус групи „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива и животна средина за сите“. Понудите треба да се достават до наведениот рок. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди кои нема да бидат изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.
НАПОМЕНА: Понудувачи може да бидат лица членови, волонтери и практиканти на локални организации. Предност имаат организациите носител и партнери на грантот.
Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
*Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје и Центарот за социјални иницијативи ЦСИ НАДЕЖ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.