Повик за вработување во Цма Крик
Краен рок за аплицирање 26.08.2024
Работниот ангажман започнува: 01.09.2024
За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвараме повик за 1 координатор на меѓународни волонтери од програмата Европски солидарен корпус.
Основни информации:
Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно) или пола работно време (20 часа неделно). Постојат двете опции, во зависност од договор со кандидатите се разгледува која опција е по соодветна.
Работното време се дефинира во период од 8 или 9 часот наутро до 16 или 17 часот попладне. Викенди и неработни денови, канцеларијата на Крик не работи.
Аплицирај со кратка биографија и мотивационо писмо на [email protected]
Работни обврски:
Да ја координира работата на меѓународните волонтери
Подготвува нови волонтери да започнат со волонтирање во Крик
Да подготви неделна програма соодветно потребите на волонтерите и организацијата
Да го следи развојот и стекнување на нови вештини на волонтери
Да организира координативни и евалуациски состаноци со волонтерите
Да обезбеди техничка и логистичка поддршка при организирање настани и активностите кои се спроведуваат во склоп на активностите на волонтерите
Да фацилитира сесии на различни теми за почетна обука на волонтерите (4 дена обука-програмата е веќе подготвена)
Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
Директно е вклучен во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;
Заедно со тимот на Крик создава нови програми во зависност од потребите на целната група и ги вклучува волонтерите во истите
Го координира процесот со наоѓање и одржување на она што е потребно за живеалиште за волонтерите
Води евиденција за локацијата/смештајот каде што престојуваат волонтерите
Потребни квалификации:
Компетенции за фацилитација на настани и активности за млади лица со попреченост и без;
Да биде способен/а програмски и логистички да организира настани и активности;
Да има познавање од едукативните настани од програмата Европски солидарен корпус и Ерасмус + и програмското и логистичкото работење на програмата при склопувања партнерства и комуницирање со партнери;
Флексибилност при одговарање на менување на потребите на волонтерите и извршната канцеларија;
Способност да придонесува и работи во тим;
Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
Да има познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори;
Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација;
Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
Да има искуство во координирање/поддршка на група на волонтери при спроведување на програми
Да го разбира Европскиот солидарен корпус
***работа со ЕКС волонтери и ЕКС искуство како волонтер се смета за предност;
Да има познавање од работа во мешани групи со лица со попреченост и без;
Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик.
Што нудиме:
Флексибилна работна средина
Тим спремен да ве поддржи во работата
25 дена годишен одмор
Патувања во странство на работни состаноци и обуки
Можност за ангажман со вработување или хонорарен ангажман (според потребите на кандидатот)
Работен простор:
Извршна канцеларија на Цма Крик којa се наоѓа во Црниче.