Повик за нови членови на МОФ!

Која е твојата супермоќ за промена?

Младински образовен форум (МОФ) отвора повик за нови членови во младинските клубови!

Пријави се и биди дел од младинските клубови за: Дебата, Учиме право, Артивизам и Новинарство.

Прашалникот за пријавувaње е достапен на овој ЛИНК.

Клубовите ќе бидат отворени во: Скопје (Кисела Вода, Шуто Оризари) , Теарце, Делчево, Струмица, Штип, Гевгелија, Струга, Битола, Кратово, Тетово, Велес, Дебар, Прилеп, Гостивар, Пробиштиш, Кавадарци, Maкедонска Каменица, Свети Николе, Неготино, Koчани и Пехчево и Берово.

Продолжи да читаш и дознај повеќе за нашите младински клубови!

Твоите аргументи се твојата супермоќ! Зајакни ги во ДЕБАТНИОТ клуб на МОФ!

Дебатните клубови имаат за цел да развијат способности за критичко размислување, аргументирано говорење и ефективна комуникација кај средношколците. Преку дебатните клубови, младите го зголемуваат своето учество во општествените случувања и придонесуваат кон создавање отворено општество засновано на демократски вредности и толеранција, каде се промовираат и практикуваат критичката мисла и слободното аргументирано изразување. Дебатните клубови се фокусирани на изучување на компетитивна дебата, јавно говорење и медиумска писменост.

Клубовите за дебата и медиумска писменост се поддржани од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Твоите права се твојата супермоќ! Научи ги во УЧИМЕ ПРАВО клубот на МОФ!

Учиме право клубовите се насочени кон правна едукација и запознавање на младите со основите на демократијата и правниот систем, владеење на правото и остварување и заштита на човековите, граѓанските и политичките права и слободи. Содржината на клубовите е поделена на четири дела: надлежностите на државните институции, човековите слободи и права, граѓанско право и кривично право. Дополнително, програмата на своите членови им нуди можност преку различни организирани активности да посетат различни држaвни институции и тела или да бидат дел од симулации кои го претставуваат нивното работење. На овој уникатен начин програмата цели да создаде врска помеѓу концептот на демократијата, човековите права и правниот систем и нивното влијание во секојдневниот живот.

Твоите идеи се твојата супермоќ! Реализирај ги во АРТИВИЗАМ клубот на МОФ!

Артивистичките клубови работат на оспособување на младите слободно и креативно да се изразуваат, охрабрувајќи ги самите да преземаат и предводат активности кои ќе ја подобрат моменталната состојба во нивните локални заедници. Членовите на клубовите посетуваат предавања и работилници за различните форми на активизмот, креативни активистички алатки, младинско организирање и ангажирање на заедницата за решавање на предизвици. Иницијативите кои младите членови ги создаваат имаат за цел да поттикнат размислување и дејствување на конкретни општествени теми од нивен интерес, придонесувајќи за помагање на локалната заедница преку младински активизам.

Клубовите за Активизам се поддржани од Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности.

Твојата објективност е твојата супермоќ! Приклучи се во НОВИНАРСКИОТ клуб на МОФ!

Новинарските клубови на МОФ се фокусирани на развивање на вештините за новинарство и медиумска писменост кај младите. Членовите на новинарските клубови учат како да спроведуваат истражувања, да креираат новинарски содржини и да ги разбираат и анализираат медиумските пораки. Овие клубови ги подготвуваат младите за одговорно и критичко консумирање и создавање на медиумски содржини, кои имаат цел да ја информираат јавноста.

Новинарските клубови се поддржани од Националната фондација за демократија (НЕД).

Пријави се до понеделник, 30-ти септември 2024 година до 23:59 часот.

За сите дополнителни прашања поврзани со повикот, обратете се на [email protected]

 

RISE Journey 5: Повик за млади социјални претприемачи

Здружението за социјални иновации “АРНО” како локален инкубатор во проектот “Регионален Инкубатор за Социјални Претприемачи” (RISE), oбјавува повик за млади (16-35 год.) со иновативни идеи за социјални и зелени бизниси кои решаваат општествени и еколошки проблеми.

Дали сте млади помеѓу 16 и 35 години? Дали имате тим со идеја за социјален и еколошки одговорен бизнис? Дали сакате да направите позитивна промена во вашата локална заедница? Ако одговорот е да, RISE е токму за вас!

RISE е програма за поддршка и охрабрување на младите од Западен Балкан која нуди алатки и средства за трансформација на иновативните идеи во одржливи социјални претпријатија. RISE ќе ви овозможи да:

  • учите од врвни организации, ментори и експерти на актуелни и важни теми и методологии (брендинг, storytelling, зелено буџетирање, интеркултурни вештини за претприемачи, design thinking, односи со јавност, pitching и многу други)
  • добиете грант од 2.500 евра за развој на идејата, без обврска да регистрирате правен субјект (фирма/здружение, иако идеално би било да се охрабрите на овој чекор)
  • искусите возбудлива регионална мобилност и посетите други социјални претпријатија, институции и бизниси од Западниот Балкан и да се мотивирате и инспирирате од нивните приказни
  • стекнете модерни и практични вештини и квалитетни можности за личен и професионален развој
  • станете дел од најголемата алумни мрежа на млади социјални претприемачи на Западниот Балкан и да се вмрежите и размените искуства и контакти со ваши врсници
  • ги запознаете сите клучни актери во социјалната економија на Западниот Балкан и научите повеќе за одговорни и етички бизнис модели за решавање на предизвиците на 21-ви век

За да аплицирате, треба да ја пополните апликациската форма на англиски јазик, најдоцна до 20-ти септември, 2024, 23.59 часот, која може да ја најдете ОВДЕ. Пред да аплицирате, ве молиме внимателно прочитајте ги следните документи:

RISE програмата верува во талентот и иновативноста на младите од Западен Балкан и ги поддржува да го остварат својот потенцијал и да ги водат промените во нивните заедници. RISE не е само уште една програма за социјални претприемачи, него, вредно искуство кое им го промени животот на многу млади од регионот. Во првите три изданија, RISE поддржа повеќе од 500 млади социјални претприемачи и 175 идеи, од кои голем дел прераснаа во успешни социјални бизниси и освоија и други регионални награди, грантови и го привлекоа вниманието на донаторите и медиумите. Нашите RISErs менуваат животи и заедници, негуваат вредности на солидарност и помагаат на граѓаните на кои најмногу им е потребно. Горди сме да го посведочиме и помогнеме нивниот раст и влијание и остануваме посветени на мисијата да создадеме нови социјални претприемачи и ја зајакнеме нашата RISE заедница.

*Работен јазик на програма е македонски, со често користење на интернационална терминологија и литература на англиски јазик, додека регионалните активности и комуникација се одвиваат целосно на англиски јазик.

Следете нè на социјалните медиуми за најнови информации (Facebook, Instagram).


Проектот RISE е ко-финансиран од Француската агенција за развој (АFD), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Еразмус + програмата на Европската Унија. Проектот RISE е предводен од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ГРУПА СОС Пулс (SOS Pulse Group), Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), и Француско-германската канцеларија за млади (ОFAJ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО (С. Македонија), Балканска Зелена Фондација (Косово)*, Нешто више (Босна и Херцеговина), Смарт Колектив (Србија), ИЕЦ Технополис (Црна Гора) и Социјален Бизнис ЈУНУС (Албанија).