Oтворен повик за преведувач/лектор од македонски на албански јазик

🌟Придружете ни се! 🌍📚

Во рамките на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, објавуваме повик за преведувач/лектор кој ќе работи на преводи и лектура од македонски на албански јазик за проектни активности. Ова е одлична можност за професионалци со одлични јазични вештини и желба да придонесат за позитивни промени! 📝✨

📌 Што нудиме?
🔹 Ангажман во рамките на проектни активности.
🔹 Прилика за работа на значајни проекти со општествено влијание.

📌 Кој е идеалниот кандидат?
Завршени додипломски студии (најмалку прв циклус).
✅ Работно искуство како преведувач/лектор.
✅ Одлично познавање на македонски и албански јазик.

📅 Рок за аплицирање: 17.12.2024 година⏳

👉 Повеќе информации и детали за аплицирање:
Повик за преведувач/лектор од македонски на албански јазик

Вашите вештини можат да направат разлика! 🌟

Проектот “ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина” е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со Center for Youth Activism KRIK / КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРM.

Целта на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.

Отворен повик за преведувач/лектор од македонски на ромски јазик

🎉 Придружете ни се!

📢 Отворен повик за преведувач/лектор од македонски на ромски јазик! 📚🗣️

Во рамките на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, објавуваме повик за ангажирање на преведувач/лектор за превод и лектура од македонски на ромски јазик. 🌿🤝

Потребни квалификации:

  • Завршени додипломски студии (најмалку прв циклус).
  • Работно искуство како преведувач/лектор.
  • Одлични писмени вештини. 📝

Период на ангажман: 26.12.2024 – 31.03.2025 година. 📅
Рок за доставување на понудите: 17.12.2024 година. ⏳

Повеќе информации на 🔗 https://tinyurl.com/2r8c6csr

Проектот “ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина” е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со Center for Youth Activism KRIK / КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРM.

Целта на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.

Отворен повик за ЛИЦЕ ЗА ДИЗАЈН НА ЕЛЕКТРОНСКИ ПУБЛИКАЦИИ

🎨✨ Дали си креативен и вешт со дизајн? ✨🎨

Имаме отворен повик за лице за дизајн на електронски публикации! 📖💻 Ако имаш искуство со графички дизајн и сакаш да придонесеш за поодржлива иднина преку својата креативност🌱🌍, оваа можност е за тебе! 🌟

 

Потребни квалификации:

• завршено соодветно образование или сертифицирана академија за дизајн;

• искуство во дизјнирање содржини како бараните документи: анализи, студии на случај, лесно читливи содржини и инфографици;

• портфолио на изработени дизајни;

• активно работно искуство како дизајнер во граѓанскиот сектор во изминатите 2 години;

• одлични дизајнерски вештини;

• работа на дизајн во проекти поврзани со социјална и младинска работа и животна средина ќе се смета за предност.

🔗 Дознај повеќе за повикот тука 👉 https://tinyurl.com/4xkpjkjv

📅 Рок за аплицирање: 17.12.2024 година

🌟 Биди дел од нашиот тим и помогни ни да изградиме одржлива и зелена иднина за сите! 💡🌍


Проектот “ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина” е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со Center for Youth Activism KRIK / КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРM.

Целта на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите. ☘️