Се прашуваш како да направиш чекор напред во својата кариера? Сакаш да работиш на себе? Имаме одлична можност за тебе!
Ако си младо лице на возраст од 18 до 35 години, доаѓаш од Вардарскиот Регион, невработен/а си и подготвен/а за личен и професионален раст и развој – ова е твојата шанса!
Што добиваш со вклучување во проектот „Зајакнување на младите преку нови можности II?“
- Бесплатни обуки за животни вештини и вработливост;
- Кариерно советување
- Психо-социјална поддршка
- Бесплатно учество на професионални и стручни обуки
- Практиканство
- Можности за вработување
- Клуб на луѓе со слични цели како твоите преку кој ќе бидеш дел од забавни, интерактивни и образовни активности + многу нови пријатели и незаборавни искуства!
Пријави се со пополнување на пријавата достапна на следниот линк: https://shorturl.at/yKkSv
Можеш да се пријавиш и на бројот 076 897 298! Испрати смс порака со лични информации (име, презиме, возраст, место на живеење), ќе те контактираме.
Пријави се веднаш и обезбеди го своето место!
Ја очекуваме твојата пријава! Среќно!