Ајде заеднички да го обликуваме младинско претставување!

Драги млади,

Имаме огромна чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на завршната конференција Кон одржливи младински совети: Независност на младинското претставување, која ќе се одржи на 22 мај 2025 година (четврток), со почеток во 11:30 часот, во Паблик Рум, Скопје.

Конференцијата е дел од проектот „Независност на младинските совети“, кој има за цел да ги анализира капацитетите на младинските совети и нивната улога во процесите на донесување одлуки на национално и локално ниво.

Вашето присуство е важно бидејќи токму младите се клучни актери во градењето одржливи и ефективни младински совети. Преку учество на конференцијата ќе имате можност директно да се запознаете со предизвиците и перспективите за унапредување на младинското претставување, да слушнете и да се вклучите во разговори со претставници на младински совети од земјата, регионот и Европа, да размените искуства и идеи, и да придонесете кон градење на поодржливи и автентични форми на младинско претставување.

 Aгендата за настанот е достапна тука, а воедно сакаме да Ве информираме дека конференцијата ќе се одвива на англиски јазик.

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите најдоцна до вторник, 20 мај, со пополнување на следниот формулар.