Јавен повик за прибирање средства за стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“

За стипендијата

Сојузот за младинска работа (СМР) со особена чест ја доделува стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ за последипломски студии по младинска работа на Филозофскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Стипендијата е воспоставена во чест на Билјана Василевска Трајкоска – лидерка, визионерка и посветена активистка, која остави неизбришлив белег во развојот и признавањето на младинската работа во нашата земја. Преку оваа стипендија, СМР го продолжува нејзиното наследство, поддржувајќи идни генерации професионални младински работници кои ќе го следат нејзиниот пример.

Повеќе информации за стипендијата и јавниот повик за аплицирање

Зошто е потребна Вашата поддршка?

Со придонесот кон оваа стипендија, станувате дел од заедничката мисија:

  • да им овозможиме на младите да стекнат квалитетно образование и експертиза во областа на младинската работа,
  • да градиме општество кое ја препознава и цени улогата на младинските работници,
  • да го чуваме и негуваме наследството на Билјана Василевска Трајкоска.

Секоја донација, без разлика на износот, придонесува кон создавање можности за млади кои ќе ја водат иднината на младинската работа во Македонија.


За доделувањето на стипендијата е формиран независен Одбор составен од пет члена:

  • Претставници од Сојуз за младинска работа
  • претставници од семејството и блиски соработници на Билјана Василевска Трајкоска,
  • претставник од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ),
  • претставник од ProPeace

    Одборот обезбедува транспарентност, фер процедура и доверба во целиот процес на селекција и доделување на стипендијата.


Како да донирате?

Сите донации за стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ се уплаќаат на следната трансакциска сметка:

Назив на примач: Стипендија Билјана Василевска Трајкоска
Банка: УНИ Банка АД Скопје
Трансакциска сметка (денарска): 240080120368392
Цел на уплата: Донација за стипендија „Билјана Василевска Трајкоска“ 

За правни лица (компании и организации), СМР обезбедува можност за склучување на договори за донација и јавно признание за поддршката.