Повик за учесници: Регионална програма за младинско лидерство и мобилност 2025–2026

Повик за учесници: Регионална програма за младинско лидерство и мобилност 2025–2026

Регионалната програма за младинско лидерство и мобилност (Regional Youth Leadership and Mobility Programme – RYLMP) оваа година ќе се реализира по трет пат. Програмата има за цел да поттикне регионална соработка, критичко размислување и развој на лидерски вештини кај младите од Западен Балкан.

Преку програмата, ќе бидат избрани 7 млади лица – студенти на прв, втор или трет циклус студии, како и лица кои веќе завршиле студии. Избраните учесници ќе имаат можност да учествуваат во размена во Белград, Тирана и Скопје, за чиј ангажман е предвидена стипендија.

Цели и активности

Во текот на размената, учесниците ќе работат на подготовка на policy paper (предлог-документ за јавни политики) на тема поврзана со:

  • образование,

  • вработливост,

  • иселување,

  • регионална соработка,

  • дигитална и зелена транзиција.

Програмата овозможува средби со институции, организации и експерти, од кои учесниците ќе можат да добијат релевантни податоци и увиди за подготовка на документот.

Услови и рокови

  • Работен јазик: англиски

  • Рок за пријавување: 10 ноември 2025 година

  • Повикот е достапен тука:
    RYLMP Open Call 2025–2026 (PDF)