Во рамките на Еразмус+ проектот DigiRUR – Бидете успешни во дигиталната ера во руралните средини, Институтот ИЕГЕ доделува 5 (пет) целосни стипендии, за заинтересирани кандидати кои ќе имаат можност да учествуваат во професионална европска едукативна програма за промовирање на активно граѓанство, креативно учење и претприемништво кај младите кои одлучуваат да останат, работат и создаваат во руралните средини.
Заинтересирани кандидати ќе имаат можност да учествуваат во интерактивна
настава водена од искусни предавачи од Северна Македонија, Грција, Бугарија, Кипар, Шпанија и Португалија со примена на иновативни практики и
современи алатки.
Критериуми за учество во програмата се:
Завршено средно или високо образование во различни области;
Одлично познавање на англиски јазик;
Одлично познавање на работа со компјутери (систем на е-учење);
Млади на возраст од 18 до 29 години;
Желба за учење, изградени способности за тимска работа и за комуникација.
Предност ќе имаат младите од рурални средини.
Доколку сакате да бидете дел од едукативната програма, Ве молиме
аплицирајте со поплнување на електронската форма достапна тука.
Повеќе информации за повикот можете да пронајдете овде.