American Corner Штип со нова отворена работна позиција

American Corner во Штип има потреба од вработен на позиција Resource Center Specialist со скратено работно време.

American Corner е ресурсен центар лоциран во рамките на Националната установа/Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип. Тоа е четврто катче отворено во Северна Македонија и прво во источниот регион на Северна Македонија. Ова американско катче е партнерство помеѓу Секторот за односи со јавноста при Амбасадата на САД во Скопје и Националната установа/Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.

Доколку сте доверливо, одговорно лице кое има силни комуникациски вештини тогаш може да аплицирате за оваа работна позиција до 21 јуни 2023 година.

Одговорности:

  • креирање, дизајнирање и организирање програми и настани за AC Штип во соработка со другиот персонал на Американското катче и Амбасадата на САД
  • подготовка на места, промотивен материјал, материјали, логистика, содржина на социјалните медиуми итн., за програми и настани
  • воспоставување и одржување врски со други американски катчиња, библиотеки на англиски јазик, универзитети, културни центри и слични институции и идентификување на нови потенцијални партнери низ Северна Македонија
  • вршење на дополнителни активности кои ги налагаат проектите
  • подготвување статистички и наративни извештаи за активностите
  • водење точна евиденција за користење на материјали, бројки и типови на клиенти, посетители итн.
  • креирање и дизајнирање на дигитални промотивни производи – постери, флаери и виртуелна содржина за страниците на социјалните мрежи на Американското катче Штип и официјалната веб-страница;
  • навремена и ефикасна комуникација со членовите на AC Штип
  • насочување и се справување со секојдневните активности
  • обучување волонтери и членови на заедницата да помогнат во програмите.

Заинтересираните кандидати за оваа позиција треба да достават CV и мотивационо писмо на следната е-адреса: [email protected] најдоцна до 21 јуни 2023 година. Целиот оглас може да го видите тука.

Сподели на