Крик е дел од иницијативата за создавање на „Формална мрежа на даватели на социјални услуги“

Jануари, 2024

На 17ти Јануари се одржа настан за презентација на инцијативата „Формална мрежа на даватели на социјални услуги“, организиран од страна на 11 граѓански организации кои работат во социјлната заштита или се даватели на социјални услуги: Крик, СОС Детско Село, Хуманост, Хера, Порака – Неготино, Кризен Центар Надеж, Отворена Порта, Монтесори, ХОПС, Инклузива, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес. Настанот се одржа во просториите на Едукативнитот центар М6, во Скопје. „Формалната мрежа на даватели на социјални услуги’’ има цел да го зајакне здруженото делување на организациите во областа на социјалната заштита, како и да ги поддржи истите во обезбедувањето на квалитетни и достапни социјални услуги до корисниците кои доаѓааат од ранливи категории.

На настанот свое воведно обраќање имаше Мила Карадафова Ангеловска, извршна директорка на Центар за младински активизам КРИК, која ја претстави иницијативата пред присутните учесници:

„Визијата на Националната стратегија за деинституционализација во Република Северна Македонија 2018-2027 „Тимјаник“ беше да воспостави систем за испорака на социјални услуги, заснован на пристапот на човекови права кој ќе ги унапредува правата, вклученоста и достоинството на корисниците. Стратегијата посочува дека ‘Рбетот на новиот систем ќе бидат услуги за персонализирана грижа и поддршка, добро интегрирани на сите нивоа, флексибилни и способни да се прилагодат кон промени и нови потреби. Имаме одговорност пред се кон нашите корисници, но и сите граѓани на оваа држава да работиме сплотено и понатаму кон подобрување во социјалната сфера, затоа што само држава која има силна социјална заштита, здрав образовен систем и каде што владее правото може да понуди перспектива, достоинствен живот и по инклузивно општество за сите. За да можеме да ја обезбедиме одржливоста на постоечките социјални услуги, но и да стимулираме отворање на нови во региони каде има недостаток на социјални услуги, неопходно е итно преземање на посериозни чекори кон унапредување на системот а ние сме подготвени да бидеме дел од тоа и можеме и сакаме да придонесеме бидејќи имаме и капацитет, и експертиза а сега веќе полека но сигурно стануваме рамноправен дел од системот. Имаме и знаење и храброст, иако без доволно ресурси, да бидеме иноватори и да пилотираме нови услуги и програми во заедниците и да бидеме застапници и ГЛАС на нашите корисници.“

Во рамки на настанот, се одржаа и две панел дискусии на тема „Стратегиски можности за партиципативен развој на социјалните услуги“ и „Преку вмрежување и соработка до развој, инклузија и еднакви можности“. На панел дискусиите учествуваа претстаници на меѓународните организации во земјава кои изразија силен интерес и поддршка за иницијативата, помеѓу кои г. Steffen Hudolin Head of Cooperation in the EU Delegation to North Macedonia, Г-ѓа Росана Дуџиак постојан координатор на ОН во С. Македонија и  г. Харолд Фугер, Аташе за социјални прашања на Австриското Министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, како и претставник на државните институции, г. Флакрон Беџети, државен секретар при Министерството за труд и социјална политика, кој ја поздрави оваа иницијатива и ја истакна улогата на граѓанските инситуции во обезбедувањето на социјални услуги преку нивната експертиза.

Исто така, на панелите свое обраќање имаа и директорот за развој на програми  на СОС Детско село г-дин Марио Јанчев и Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА кои ја образложија потребата од здружуваањето на организациите во мрежа и заедничкото делување на лиценцираните даватели  на социјални услуги. Главната цел на настанот беше да се истакне потребата од заедничко здружување, преку разгледување на социјалната реформа која се темели на три клучни постулати: децантрализација, деинституционализација и плурализација на системот на социјална заштита. Третиот постулат на реформата – плурализација значи и диверзификација на социјалните услуги од страна на недржавни даватели на социјални услуги. Преку здружувањето и заедничкото делување се јакне влијанието на организациите во нивното организирано застапување за заеднички цели, но и се воспоставува дијалог помеѓу давателите на услуги и институциите кои се кратори и спроведувачи на политики. Преку мрежата би се обезбедила одржливост на веќе постоечките социјални услуги, но и би се поттикнало отворање на нови центри за давање на социјални услуги во региони каде има недостаток на истите.

Идејата на Мрежата е преку овој настан да ги информира сите засегнати страни за отпочнувањето на работата на мрежата, да го мотивира приклучувњето на нови членки и да прерасне во самоодржлива мрежа која ќе биде активен чинител во општеството.




ЦМА Крик го започнува проектот „Секој ден е ден за тренинг“

Центарот за младински активизам Крик го започна проектот „Секој ден е ден за тренинг“ (анг.„Everyday is a Training Day“), заедно со партнерските организации „Асоцијација Интеградос“ од Шпанија и „Scout Society“ од Романија. Проектот е дел од програмата Ерасмус + стратешко партнерство од мал обем, а финансиран од Шпанската Национална агенција одговорна за Ерасмус +.

Визијата на овој проект е да придонесе во промовирањето на здрав и инклузивен начин на живот кај младите, усогласувајќи се со принципите на Стратегијата за физичка активност на СЗО за Европскиот регион 2016 – 2025, како и Стратегијата на ЕУ за правата на лицата со попреченост 2021 – 2030.

Целта на проектот е промоција на здрави навики преку рекреативно практикување на спортот, создавање на лесно пристапни, достапни и адаптирани инклузивни простори за физичка активност кои ќе можат да бидат користени од страна на луѓе со и без попреченост, како и креирање на ресурси и алатки за спроведување на обуки за подигнување на свеста кај младите луѓе и организациите кои спроведуваат физички активности за луѓе со и без попреченост, спортските клубови и институциите.

За  постигнување на наведените цели ќе биде развиен „Водич со ресурси“ кој ќе содржи информации за јавни простори, игралишта и спортски терени кои се лесно достапни и адаптирани за користење на лица со попреченост во локалната заедница, како и мапирање на постоечките спортски клубови и организации кои спроведуваат спортско-реакреативни активности адаптирани на лица со попреченост. Заедно со водичот, ќе биде развиена и „Обука за спроведување на капацитети“. Водичот со ресурси и Обуката за капацитети ќе бидат насочени кон јакнење на капацитетите на едукаторите, младинските работници, персоналот за поддршка кои работат во полето на спортот и искористувањето на слободното време, младински работници, лица кои работат со млади и млади возрасни лица со или без попреченост, родители во секоја од трите држави.

Спроведувањето на проектот ќе се одвива во две фази. Првата фаза ќе опфаќа теренско истражување и спроведување на прашалник со цел да се мапираат сите постоечки капацитети во трите држави, кои потоа ќе бидат содржани во Водичот со ресурси, а втората фаза ќе вклучува серија на настани и работилници насочени кон експерти и организации кои работат со лица со попреченост.

Инаку, ЦМА Крик е невладина, непрофитна организација, основана и водена од млади луѓе, која работи со и за младите. Крик работи на постигнување на социјална инклузија и интеграција на младите луѓе со помали можности, а таргет група се млади луѓе со типичен развој, млади луѓе со попреченост и млади луѓе со потешка социјална и економска позадина.

Повеќе за работата на КРИК можете да погледнете на следниот линк.

Настан за промоција на: ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА МРЕЖА НА ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

Приватните даватели на социјални услуги организираат настан за промоција на : ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА МРЕЖА НА ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ
Датум: 17.01.2024
Локација: М6 Едукативен центар
Почеток: 09:30
Огромна чест и задоволство ни е да ве поканиме на настанот за промоција на иницијативата и заедно да дискутираме за подобрување и обезбедување на квалитет на социјалните услуги.
Иницијативна група на даватели на социјални услуги:
1) Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес
2) ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
3) СОС Детско Село
4) Хуманост
5) Порака – Неготино
6) Кризен Центар Надеж
7) Инклузива
😎 Отворена порта -Ла Страда
9) КРИК
10) Македонското Монтесори Здружение
11) ХОПС
Ве молиме пријавете го учеството на следниот линк https://shorturl.at/eBHN9
Агенда
Вовед: Кои сме ние – даватели на социјални услуги?
09:30-09:40 Воведно претсавување на иницијативата на даватели на социјални услуги
Мила Карадафова Ангеловска, извршен директор КРИК
09:40 -10:40 Панел дискусија I: Стратегиски можности за партиципативен развој на социјалните услуги
Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика
Начин на кој давателите на социјални услуги можат го дадат своето искуство и капацитет во унапредувањето на системот и социјалните услуги
Steffen Hudolin Head of Cooperation in the EU Delegation to North Macedonia
Поддршката која ЕУ ја дава деинституционализацијата и развојот на социјалните услуги. Механизми преку кои ЕУ обезбедува вклучување на граѓанскиот сектор во креирањето на социјалните политики на Унијата
Росана Дуџиак постојан координатор на ОН во С. Македонија
Придонес на социјалните услуги за остварувањето на Одржливите развојни цели на ОН во Македонија
Харалд Фугер, аташе за социјални прашања, Амбасада на Австрија
Клучни елементи на австрискиот систем за социјални услуги кои би можеле се пренесат, австриските искуства во поглед на здружувањето и заедничкото делување на приватните даватели на социјални услуги
Марио Јанчев, директор за развој на програми, СОС Детско село
Зошто мрежа на даватели на социјални услуги?
Можности за идната мрежа на даватели на социјални услуги да стане партнер на државата во креирањето на правната рамка и јавните политики
Елизабета Божиноска, програмски директор ХЕРА
Раководење на здравствени и социјални сервиси според меѓународни стандарди без обезбедено одржливо финансирање од страна на државата
Прашања и коментари од присутните (20’)
10:40-11:00 Кафе пауза
11:00-12:00 Панел дискусија II: Преку вмрежување и соработка до развој, инклузија и еднакви можности
European Association of Service Providers for people with disabilities
Сашко Јованов, директор, Хуманост
Социјалните услуги како можност за развој на „економија на грижа“: пошироката општествена корист од развојот на социјалните услуги
Билјана Дуковска, Македонска плаформа за борба против сиромаштијата
Научени лекции од мрежното делување против сиромаштијата во Македонија
Елена Кочоска, претседател на управен одбор, МЦМС
Како до општествени промени преку граѓанско застапување
Прашања и коментари од присутните (20’)
Коктел и вмрежување
See less

Повик за две експертски позиции за спроведување акциско истражување

Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ и Центарот за социјална иницијатива ЦСИ Надеж, Скопје за потребите на проектот ЗЗЗ- ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавува повик за тендерска документација за:

ДВЕ ЕКСПЕРТСКИ ПОЗИЦИИ за спроведување акциско истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“

Информации за проектот:

Име: ЗЗЗ – ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Координатор: Центар за младински активизам ЦМА КРИК

Партнери: Здружение Центар за Социјална иницијатива НАДЕЖ и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ

ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

ЦЕЛНА ГРУПА

  • стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците,
  • локалните општини
  • давателите на социјални услуги и корисниците и
  • младинските работници и младите

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

01.12.2023 – 30.09.2026

Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.

Главната цел на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.

Информации за активноста Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“

Една од проектните активности е акциско истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ на ниво на 8 плански региони.

Целта на активноста е да се добие формирана квантитативна и квалитативна оцена за перцепциите, ставовите и искуствата на младите за заштита на животната средина и климатските промени (на пр: менаџирање со отпад, водоснабдување, диви депонии, загаден воздух, опожарени подрачја, снабдување со електрична енергија и сл.), комуникациски и општествени модели за охрабрување и зајакнување на младите за активно вклучување во заштита на животната средина и отпорност на климатските промени. Планираното акциско истражување е метод кој се фокусира на идентификување, но и решавање проблеми поврзани со заштита на животната средина и отпорност на климатските промени. Акцентот е ставен на решавање на проблемот преку генерирање знаење и преземање акција во рамките на локалните средини, во кој се наоѓа проблемот преку вклучување на младите. Комбинацијата на предложени техники и инструменти ќе има за цел да се добие увид во состојбите од една страна, а од друга страна да се овозможи соодветна и ефикасна обработка и анализа на податоците, увид во моменталната состојба, соодветно идентификување на тесни грла и јазови во спроведувањето активности за заштита на животната средина, создавање соодветни препораки, но и поттикнување извесни промени кои ќе придонесат кон создавање документи од корист за целната група и поставување стандарди неопходни за понатамошно унапредување на состојбата поврзана со заштита на животната средина и отпорност на климатските промени.

НАБАВУВАЧИ

Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје со седиште на ул. „11-ти Октомври“ бр.42 А, Скопје, застапувана од Гоце Прцуловски, претседател на здружението на граѓани и

Центар за социјални иницијативи ЦСИ Надеж, Скопје со седиште на ул. „Гвадалахара“ бр. 20, Скопје, застапувана од Марина Бојанова, претседателка на здружението на граѓани.

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКА

Главни активности на експертите

Предмет на набавката е експертски ангажман[1] нa две лица од областа на :

  • Методологија и истражување (во понатамошниот текст Експерт/ка 1) и
  • Младинска работа и/или социјална работа (во понатамошниот текст Експерт/ка2)

За исполнување на ангажманот кој е предмет на овој повик, експертите/ките ќе треба да ги спроведе следните работни задачи:

Експерт/ка 1

  • Составување методологија на истражување за добивање формирана квантитативна оцена за перцепциите, ставовите и искуствата на младите за заштита на животната средина и климатските промени (на пр: менаџирање со отпад, водоснабдување, диви депонии, загаден воздух, опожарени подрачја, снабдување со електрична енергија и сл.), комуникациски и општествени модели за охрабрување и зајакнување на младите за активно вклучување во заштита на животната средина и отпорност на климатските промени;
  • утврдување примерок за теренско истражување – анкета;
  • изработка на структуриран прашалник за теренско истражување/анкета;
  • спроведување обука на теренски истражувачи/ки – анкетари/ки за спроведување теренско истражување;
  • планирање и координирање теренско истражување-анкета и прибирање податоци од терен;
  • поставување основа за обработка и обработка на податоците од теренско истражување (вкрстување на индикатори од внесените податоци во SPSS програма, соодветно на категориите и подкатегориите, соодветно на структурата на прашалникот);
  • изработка на национална анализа со вклучени резултати од истражувањето за заштита на животната средина – анализа, толкување, компарирање и воопштување на вкрстеното табеларно и графичко прикажани податоци, односно резултатите добиени од истражувањето, изведување заклучоци и препораки за унапредување;
  • редовна координација и соработка со експерт 2;
  • редовна координација и соработка со проектниот тим.

Експерт/ка 2

  • Учество во составување методологија на истражување за добивање формирана квантитативна оцена за перцепциите, ставовите и искуствата на младите за заштита на животната средина и климатските промени (на пр: менаџирање со отпад, водоснабдување, диви депонии, загаден воздух, опожарени подрачја, снабдување со електрична енергија и сл.), комуникациски и општествени модели за охрабрување и зајакнување на младите за активно вклучување во заштита на животната средина и отпорност на климатските промени;
  • учество во утврдување примерок за теренско истражување – анкета;
  • спроведување обука на теренски истражувачи/ки – анкетари/ки за спроведување теренско истражување;
  • координирање теренско истражување-анкета и прибирање податоци од терен;
  • поставување основа за толкување на обработените податоците од теренско истражување;
  • изработка на национална анализа со вклучени резултати од истражувањето за заштита на животната средина – анализа, толкување, компарирање и воопштување на вкрстеното табеларно и графичко прикажани податоци, односно резултатите добиени од истражувањето, изведување заклучоци и препораки за унапредување;
  • редовна координација и соработка со Експерт 1.
  • редовна координација и соработка со проектниот тим.

Период на ангажманот

Вкупниот ангажман на експертот/ката ќе се состои од:

Ангажирано лицеВременска рамка за спроведување
Експерт 1 – Експерт за методологија и истражување18 експертски денови (од 01.02.2024 до 30.09.2024)
Експерт 2 – Експерт од областа на младинска работа и/или социјална работа18    експертски денови (од 01.02.2024 до 30.09.2024)

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Експерт/ка 1

Експертот/ката треба да ги исполнува следниве квалификации:

  • Минимум завршени додипломски студии од областа на општествените, правните или политичките науки. Завршени магистерски или докторски студии во областа на општествените, правните или политичките науки, ќе се сметаат за предност.
  • Најмалку 3 години работно искуство во истражување и креирање анализи. Искуството како предавач, обучувач, аналитичар и/или работното искуство кое применува аналитичко-истражувачки вештини ќе се смета за предност.
  • Искуство во изработка на документи, прирачници и друг вид публикации од областа на социјалната работа, социјалната политика и младинската работа. Искуството/учеството во изработка на нормативни акти (закони, правилници, политики, кодекси итн) или изработка на содржини на стратегии, програми од областа на социјалната заштита, заштита на животната средина и/или младинската работа ќе се смета за предност.
  • Напредни истражувачки и аналитички способности, поткрепени со референтна листа.

Експерт/ка 2

Експертот/ката треба да ги исполнува следниве квалификации:

  • Минимум завршени додипломски студии од областа на општествените, правните или политичките науки. Завршени магистерски или докторски студии во областа на општествените, правните или политичките науки, ќе се сметаат за предност.
  • Најмалку 3 години работно искуство во работа со млади. Искуството како предавач, обучувач, и/или работното искуство во работа со млади во ризик, млади со попреченост и млади со помалку можности кое применува аналитичко-истражувачки вештини ќе се смета за предност.
  • Искуство во изработка на документи, прирачници и друг вид публикации од областа на младинската работа. Искуството/учеството во изработка на нормативни акти (закони, правилници, политики, кодекси итн) или изработка на содржини на стратегии, програми од областа на младинската работа ќе се смета за предност.
  • Напредни истражувачки и аналитички способности, поткрепени со референтна листа.

КРИТЕРИУМИ за избор на најповолен понудувач и доделување на договорот за соработка

Предметот на набавката е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови наведени во барањето за поднесување на понудата. Во спротивно, понудата ќе се смета за нецелосна и неприфатлива.

Критериумот за доделување договор за набавката е според принципот „најдобро понудена услуга за цената“ (the best value for money-quality ratio). Вкупната оцена за исполнителноста на понудата ќе биде формирана според следните критериуми и бодови, со примена на формула за пресметување на бодовите за доделување на договор за набавка:

Цена40 бода
Квалитет (според исполнителноста на потребните квалификации)40 бода
Рок на испорака20 бода

РОКОВИ

Рок за доставување на понудите23.01.2024 година
Рок за избор на најповелен понудувач, известување  и25.01.2024 година
Потпишување договор за соработка01.02.2024 година
Рок за спроведување на активностите и испорака на услугата01.02.2024 – 30.09.2024 година

Партнерските организации, носители на грантот го задржуваат правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачите, во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.

ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Понудата треба да содржи:

  • професионална биографија (CV) на кандидатот/ката;
  • листа на реализирани проекти, услуги, активности, публикации релевентани за повикот;
  • документ – предлог методологија, со временска рамка во однос на планирани активности за спроведување на акциското истражување;
  • финансиска понуда, со целосна содржина наведена во точки 2 и 3 од повикот;
  • пропратно писмо кон понудата.

Комплетираната документација се доставува електронски, во еден оригинален примерок, потпишана од страна на кандидатот/ката.

Понудите се доставуваат во електронска форма напроектната електронска адреса: [email protected]

Дописот со проследената понуда треба да биде насловена: Понуда за  – Експертска позиција (да се наведе експертска позиција 1 или експертска позиција 2) за спроведување акциско истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“). Понудите треба да се достават до наведениот рок и истите треба да содржат и пропратно писмо потпишано од кандидатот/ката.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди кои нема да бидат изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.

НАПОМЕНА: Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

 

Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје  и Центарот за социјални иницијативи ЦСИ НАДЕЖ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спореведуваат.

[1] Државни службеници и/или останатиот персонал тековно вработени во јавната администрација може да аплицираат на повикот доколку прикажат/потврдат дека се во можност да ги исполнат должностите/активностите надвор од работните обврски, односно надвор од работното време.

Повик за изработка на онлајн платформа – веб страна за зелено делување

ЦМА КРИК за потребите на проектот ЗЗЗ- ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, објавува повик за тендерска документација за:

Изработка на онлајн платформа – веб страна за зелено делување

Информации за проектот:

Име: ЗЗЗ- ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Координатор: Центар за младински активизам ЦМА КРИК

Партнери: Здружение Центар за Социјална иницијатива НАДЕЖ и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ

ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

ЦЕЛНА ГРУПА

  •  стручните работници од системот на социјална заштита и корисниците,
  •  локалните општини
  •  давателите на социјални услуги и корисниците и
  • младинските работници и младите

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

01.12.2023 – 30.09.2026

Проектната идеја e обид да се пилотира и воведе зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и резилиентност од овие промени.

Главната цел на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.

Информации за онлајн платформата – веб страна:

Ангажманот во рамки на повикот предвидува да се изработи функционална и лесна за користење веб страна наменета за проектот и проектните активности. Оваа функционална платформа ќе даде можност на многу организации да ја користат и да имаат алатка каде ќе може да најдат важни информации поврзани со заштитата на животната средина. Оваа онлјан платформа, односно веб страната треба да биде поврзана со 80 електронски адреси на одговорни лица за заштита на животната средина во секоја локална заедница. Преку оваа можност секој граѓанин ќе може директно преку кликање на копче да пријави проблем поврзан со животната средина.  Онлајн платформата ќе биде хостирана на поддомен на веб страната на ЦМА КРИК и истата ќе треба да содржи:

  • информации за проектот;
  •  категоризирана содржина;
  • можност за регистрирање и креирање кориснички профили;
  • поврзување со социјални медиуми;
  • можност за пријавување на локален проблем за животната средина директно до релевантната општина, односно поврзуање со 80 општински електронски адреси во Р.С. Македонија;
  •  можност за пријавување на локални активности и иницијативи за заштита на животната средина.

Главни активности за реализирање:

  • UX и UI на веб страната
  • Креирање на прогресивна веб страна хостирана на поддомен на ЦМА КРИК
  • Тестирање, обезбедување на квалитет и одржување на веб страната

Потребни квалификации:

Ангажираното физичко или правно лице треба да ги исполнува следниве квалификации:

  • Докажано искуство како креатор на веб-страници;
  • Портфолио кое покажува претходни проекти и достигнувања за развој на веб страна;
  • Способност да се идентификува и реши проблем поврзан со функционалноста на веб страната и корисничкото искуство;

Период на ангажманот:

Испораката на услугите ќе се реализира во периодот од февруари до јули 2024. Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде договорен помеѓу ЦМА КРИК и договореното лице.

Доставување на документи кон понуда:

  •  професионална биографија (CV) и портфолио на кандидатот или правното лице;
  •  листа на реализирани проекти, услуги, активности релевантни за повикот со видливи и функционални линкови до веќе изработените услуги;
  •  финансиска понуда;

КРИТЕРИУМИ за избор на најповолен понудувач и доделување на договорот за соработка

Предметот на набавката е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови наведени во барањето за поднесување на понудата. Во спротивно, понудата ќе се смета за нецелосна и неприфатлива.

Критериумот за доделување договор за набавката е според принципот „најдобро понудена услуга за цената“ (the best value for money-quality ratio). Вкупната оцена за исполнителноста на понудата ќе биде формирана според следните критериуми и бодови, со примена на формула за пресметување на бодовите за доделување на договор за набавка:

Цена40 бода
Квалитет (според исполнителноста на потребните квалификации)40 бода
Рок на испорака20 бода

 

 

РОКОВИ

Рок за доставување на понудите23.01.2024 година
Рок за избор на најповелен понудувач, известување  и25.01.2024 година
Потпишување договор за соработка01.02.2024 година
Рок за спроведување на активностите и испорака на услугата01.02.2024 – 01.07.2024 година

 

Партнерските организации, носители на грантот го задржуваат правото на измена на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачите, во зависност од претходно реализираните активности кои се во рамките на овој проект.

Наведените документи треба да се достават преку електорнска пошта, на проектната електронска адреса [email protected] со назнака: Апликација за изработка на веб страна за проектот  ЗЗЗ.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди кои нема да бидат изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.

НАПОМЕНА: Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

Повикот е отворен до 23.01.2024.

 

Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Содржината на овој повик е единствена одговорност на ЦМА КРИК и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Повик за вработување: 1 координатор на проекти и младински политики

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвораме повик за:
1 координатор на проекти и младински политики
Основни информации:
Полно работно време или 40 часа неделно (од понеделник до петок од 8 или 9 до 16 или 17 часот.
Аплицирај со кратка биографија и мотивационо писмо на [email protected]
Рок за аплицирање: 15.12.2023-започнување со работен ангажман-9ти јануари 2024
Работни обврски:
• Да координира проекти од различни донатори
• Да комуницира со партнерите на проектите и донаторите
• Да води логистичка и техничка подготвеност за проектните активности
• Да ја следи и администратира проектната документација
• Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
• Директно е вклучен во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
• Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;
• Заедно со тимот на Крик создава нови програми во зависност од потребите на целната група
• Ги следи младинските политики на национално и меѓународно ниво
• Одржува контакт со мрежите каде Крик е дел
• Учествува на настани поврзани со проектите кои ги води и оние од интерес за младинските политики
Потребни квалификации:
 Да биде способен/а програмски и логистички да организира настани и активности;
 Способност за работа со различен вид на партнери, институции и донатори како и менаџирање на ризици и справување со луѓе со различни карактери
 Да има познавање од едукативните настани од различни програми како на пример Европски солидарен корпус и Ерасмус + и програмското и логистичкото работење на програмата при склопувања партнерства и комуницирање со партнери;
 Флексибилност при одговарање на менување на потребите на партнерите, донаторите, институциите и извршната канцеларија;
 Способност да придонесува и работи во тим;
 Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
 Да има напредни познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори;
 Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација;
 Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
 Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик.
Што нудиме:
Флексибилна работна средина
Тим спремен да ве поддржи во работата
25 дена годишен одмор
Патувања во странство на работни состаноци и обуки
Можност за ангажман со вработување или хонорарен ангажман (според потребите на кандидатот)
Работен простор: извршна канцеларија на Цма Крик кој се наоѓа во Црниче

Повик за вработување на лице за комуникации

За потребите на секојдневното работење на Центарза младински активизам Цма Крик oтвора повик за:

Лице за комуникации
Основни информации:
Полно работно време или 40 часа неделно (од понеделник до петок од 8 или 9 до 16 или 17 часот).
Аплицирај со кратка биографија и мотивационо писмо на [email protected]
Рок за аплицирање: 15.12.2023
Започнување со работен ангажман – 9ти јануари 2024
Работни обврски:
• Да ги води во целост веб страната и сите социјални медиуми на Крик
• Да подготвува комуникациска стратегија, следи и прилагодува по потреби
• Да дава поддршка на проектните активности на Крик и да подготвува материјали за видливост и промоција
• Да известува за проектните активности и работата на организацијата
• Да подготвува дизајни на материјалите кои е потребно (материјали за принт, слики, видеа и сл.)
• Да понуди експертиза и знаење за комуникации и односи со јавност
• Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;
• Учествува на настани поврзани со активностите на Крик
Потребни квалификации:
 Да биде способен/а да води социјални медиуми и веб страна на организација
 Да знае да работи со содржини на различен вид на сајтови
 Способност за работа со различен вид на партнери, институции и донатори како и менаџирање на ризици и справување со луѓе со различни карактери
 Да има познавање од едукативните настани од различни програми како на пример Европски солидарен корпус и Ерасмус + и програмското и логистичкото работење на програмата при склопувања партнерства и комуницирање со партнери;
 Флексибилност при одговарање на менување на потребите на партнерите, донаторите, институциите и извршната канцеларија;
 Способност да придонесува и работи во тим;
 Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
 Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација;
 Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик.
Што нудиме:
Флексибилна работна средина
Тим спремен да ве поддржи во работата
25 дена годишен одмор
Патувања во странство на работни состаноци и обуки
Можност за ангажман со вработување или хонорарен ангажман (според потребите на кандидатот)

Настан за дисеминација на проектни резултати – Велес и Кавадарци

“Патот до независноста” е двегодишен проект кој се спроведува во партнерство со ЦМА КРИК, Fondazione Zanandrea Италија, Changing myself… I change the world!, од Грција, Gruppo Ingegneria S.r.l. Società Benefit од Италија и Latvijas Autisma apvieniba, од Латвија.
Цел на проектните активности е поддршка на младите лица со попреченост и без меѓу 18 и 25 години да постигнат автономија и независно живеење преку неформална едукација.
Резултатите кои се подготвени како дел од активностите ќе им овозможат на младинските работници специфични алатки и инклузивни неформални едукативни активности дизајнирани и за да ги зајакнат младите со и без попреченост, сите заедно со цел да постигнат независно учење на корисни социјални и независни вештини за живеење.
Со задоволство ве покануваме да ви ги презентираме постигнатите резултати од овој проект кој ќе се одржи на 06.12.2023 година со почеток од 10:00 часот во Еуропе Хаус Велес и 14:00 часот во Младинскиот центар во Кавадарци.
Настанот се организира во соработка со Младинскиот центар од Велес и Кавадарци.
Патните трошоци за лицата кои доаѓаат од други градови кои не се Велес и Кавадарци, се рефундираат во висина на повратен автобуски билет.
Слушнете нешто повеќе за независниот пат на лицата со попреченост, со какви пречки се соочуваат секојдневно и какви домови посакуваат да имаат во иднина. Со овие проектни активности достигнавме резултати и можност како би можеле да им го поедноставиме нивниот начин на живеење.
Агенда Велес
10:00-10:15 регистрација
10:15-10:30 презентација на проектните активности
10:30-11:00 презентација на проектните резултати (видео)
11:00-12:00 работа во групи за запознавање подлабоко со резултатите
12:00-13:00 коктел
Агенда Кавадарци
14:00-14:15 регистрација
14:15-14:30 презентација на проектните активности
14:30-15:00 презентација на проектните резултати (видео)
15:00-16:00 работа во групи за запознавање подлабоко со резултатите
16:00-17:00 коктел

Отворена дискусија на тема „Интеграција на лицата со попреченост и предизвиците со кои се соочуваат во нивното секојдневие“

For English please look below this text.

ЦМА Крик во партнерство со Амбасадата на Шпанија во Република Северна Македонија организира активности со цел да се подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост во нивниот секојдневен живот.

Организираме отворена дискусија на тема-Интеграција на лицата со попреченост и предизвиците со кои се соочуваат во нивното секојдневие, што ќе се случи во Europe House Skopje, на 04.12.2023 година, понеделник, со почеток од 10:30 часот.

За време на отворената дискусија ќе имате можност да ви бидат презентирани видеа од позитивни практики на лицата со попреченост во општеството и да бидете дел од отворената дискусија.

Клучни говорници на отворената дискусија:
– Амбасадор на Шпанија во Република Северна
Македонија Х.Е.: Хозе Луис Лозано Гарсија
– Претставник од Министерството за труд и
социјална политика,
– Мила Карадафова Ангеловска, извршен директор
од CYA KRIK,
– Александар Василевски, лице со попреченост.

Видео презентација од: Претставници од Интеградос Шпанија (онлајн) кои ќе ги споделуваат најдобрите практики за интеграција на лицата со попреченост.

Гости: очекувани учесници на настанот се претставници од граѓански организации, претставници од општините, лица со попреченост и без. Ќе ни биде чест доколку ни се придружите на настанот. Ве молиме пополнете го формуларот за регистрација што може да се најде на следниот линк за регистрација: https://t.ly/qmXSQ

Агенда:
10:30 – 11:00 Регистрација на учесници, кафе и вмрежување
11:00 – 11:30 Отворена дискусија и презентација на видеата – најдобри практики
11:30 – 12:10 Клучни говорници:
– Амбасадор на Шпанија во Република Северна Македонија Х.Е.: Хозе Луис Лозано Гарсија
– Претставник од Министерството за труд и социјална политика,
– Мила Карадафова Ангеловска, извршен директор од CYA KRIK,
– Александар Василевски, лице со попреченост.
12:10 – 12:30 Прашања од страна на учесниците
12:30 – 13:00 Збир на најдобри практики претставени од партнерите од Шпанија “Amicos”
13:00 – 14:00 Коктел и вмрежување

English:
CYA KRIK in partnership with the Embassy of Spain in the Republic of North Macedonia is organizing activities in order to raise the awareness for the challenges the people with disabilities face in their everyday life.
We are organizing an Open discussion on the topic-Integration of people with disabilities and the challenges they face in their everyday life, which will happen in Europe House Skopje, on 04.12.2023, Monday, starting from 11:00 am.

During the open discussion, you will have the opportunity to be presented with videos of positive practices of people with disabilities in the society and be part of the open discussion.

Key speakers to the open discussion:
– Ambassador of Spain in the Republic of North Macedonia H.E: José Luis Lozano García
– Representative from the Ministry for Labor and Social policy,
– Mila Karadafova Angelovska, Executive Director from CYA KRIK,
– Aleksandar Vasilevski person with disabilities.

Video presentation from: Representatives from Integrados Spain (online) sharing the best practices for integration of people with disabilities.

Guests: the expected participants to the event are representatives from civil society organizations, representatives from the municipalities, people with disabilities and without. We would be honored if you join us on the event. Please fill in the registration form that can be found on the following link registration form: https://t.ly/qmXSQ

Agenda:
10:30 – 11:00 Registration of the participants, coffee and networking
11:00 – 11:30 Opening of the Open discussion and presentation of the videos-best practices
11:30 – 12:10 Key speakers:
– Ambassador of Spain in the Republic of North
Macedonia H.E: José Luis Lozano García
– Representative from the Ministry for Labor and Social
policy,
– Mila Karadafova Angelovska, Executive Director from
CYA KRIK,
– Aleksandar Vasilevski person with disabilities
12:10 – 12:30 Questions from the participants
12:30 – 13:00 Best practices from Spain-video call with Amicos
13:00 – 14:00 Cocktail and networking