Пријава за хакатони „Панда лабс Џуниор за праведна транзиција“, 19-21 јуни –  Струга

Во рамки на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“, ве покануваме на учество на хакатони, односно натпревари на млади од 19 до 21 јуни во хотел Дрим, во Струга. Хакатоните се дел од активностите на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“, кој го спроведува Џуниор Ачивмент Македонија, WWF Бугарија, WWF Адриа-Србија, Џуниор Ачивмент Бугарија и Еко тим од Црна Гора, финансиран од Иницијативата на ЕУ за климатски промени (EUKI).

Главната цел е да се придонесе кон праведна транзиција и навремен развој на знаење и претприемнички капацитет кај младите луѓе во регионите со јаглен во четирите земји. Проектот промовира обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, циркуларна економија, решенија за ублажување и адаптација на климатските промени, зелено претприемништво и иновации.

Двата хакатони ќе се реализираат истовремено на различна тема. Настанот содржи неколку дела:

  • работа во тимови,
  • презентација на идеите пред жири комисија и
  • доделување награди за најдобрите.

Победниците ќе имаат можност да учествуваат на регионална конференција во Софија (октомври 2022), на која ќе учествуваат и млади од Бугарија, Црна Гора и Србија.

Доколку оваа можност ви изгледа интересно, пополнете го формуларот за пријава за учество на следниот линк – https://forms.gle/UrVsnbpptU1W1n7D6, најдоцна до 9 јуни до 10.00 часот.

Предност за учество ќе имаат оние студенти кои биле дел од серијата вебинари организирани во рамки на проектот и оние кои ќе се пријават први.

Пријавата е на принцип прв пријавен, прв услужен. Побрзајте!

Оглас за ангажирање на локални соработници за вмрежување во рамки на проектот „Потпри се на младите!“

Проектот има за цел да го подобри квалитетот на живот на младите во локалните заедници со поттикнување и зголемување на младинскиот активизам и волонтеризам, преку зголемување на капацитетите на младите за организирано дејствување во локалните заедници кои припаѓаат на Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион и обезбедување техничка поддршка како обуки, менторство и финансиска поддршка за нивните идеи.
Избраните соработници ќе служат како директен канал на комуникација со целната група во руралните општини и притоа треба да обезбедат учесници мотивирани да се вклучат во проектните активности (инфо сесии, работилници, фокус групи, состаноци и сл.). Детален опис на потребната услуга е даден во тендерската документација и Описот на надлежности кој е составен дел на оваа покана (Прилог 1)

Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои имаат минимум завршено средно образование. 

Како критериуми за оценка на квалитетот на понудата покрај горенаведените минимум услови ќе бидат земени предвид и следните критериуми: образование, искуство, место на живеење во регионот каде што ќе бидат ангажирани, познавање на локалниот контекст во дадениот регион, способност за работа на терен, познавање на средината во која се спроведуваат активностите, поседување на комуникациски вештини, поседување на вештини за справување со конфликтни ситуации; поседување на компјутерски вештини.

Сите заинтересирани физички лица треба да достават:

Рокот за доставување на понудите е 23.05.2022 година до 16:00 часот.

Максималниот бруто износ предвиден за ангажман на еден соработник е 18.450 мкд. Индикативен период за спроведување на услугата и испорака на бараниот аутпут е мај – јули / септември-октомври 2022 г.

Понудите се поднесуваат по електронски пат со назнака: „За повик бр. 01/ПОМ/2022/ЏА“ на [email protected]

Овој оглас се спроведува во рамки на проектот „Потпри се на младите“ кој е финансиран од Европската Унија и во партнерство го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.