Јавна расправа: Од ветено, до реализирано!

Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците? Што се беше ветено за младите, а што од тоа се реализираше? Искористи ја можноста да дискутираш за ТВОИТЕ потреби со ТВОЈОТ градоначалник!

Ве покануваме да земете учество на настанот „Од ветено до реализирано! Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците?“ во организација на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, кој ќе се одржи на 16.06.2021 со почеток во 11.00 часот, во просториите на Рагуза 360.

Вашето учество на настанот можете да го пријавите на СЛЕДНИОВ ЛИНК.

Настанот ќе биде во форма на јавна дискусијана која учество ќе земат градоначалници од три скопски оптшини, градоначалникот на Град Скопје и експерт за младинска политика. Фокусот на панел дискусијата ќе бидат десетте клучни ветувања за младите од програмите на кандидатите, креирани за локалните избори во 2017 година.

По спроведената дискусија, присутните на настанот ќе имаат можност да постават прашања и да остварат дијалог со панелистите, со цел да се дискутираат клучните приоритети за младите и колку истите биле во фокусот на работата на локалните самоуправи.

Агенда за настанот:
10.50 Регистрација на присутните;
11.10 Официјално отворање на настанот;
11.20 Јавна расправа: Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците?
12.30 Отворена дискусија помеѓу публиката и говорниците;
13.00 Коктел и вмрежување.

Настанот „Од ветено до реализирано! Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците?“ е организиран во рамки на проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) со назив „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“, спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) и Национален младински совет на Македонија (НМСМ).

Како до (по)безбедни училишни средини?

Конференција: Како до (по)безбедни училишни средини?
Врсничкото насилство е еден од поголемите предизвици со кои се соочува образовниот систем во нашата земја, а оваа појава во последните години зазема сè поголеми размери. Покрај постоењето на права, средства и облици за заштита на децата, средношоколците сепак се соочуваат со разновидни облици на насилство.
Но што можеме да направиме за да ја искорениме оваа појава? На кој начин можеме да ги заштитиме средношколците од насилство? Како можеме да креираме училишни средини кои се безбедни за учениците?
Ве покануваме да земете учество на конференцијата „Како до (по)безбедни училишни средини“, настан реализиран во рамки на проектот „Не! Насилство“, имплементиран од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, во соработка со 10 средни училишта од Скопје, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Севрна Македонија.
Конференцијата ќе се одржи на 28.05.2021 година, со почеток од 11 часот во Ragusa360 – Rooftop.
Сите заинтересирани за учество на конференцијата можат да го најават своето учество со пополнување на следнава форма за пријавување: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdu9vDqBuKPve…/viewform
Преку учество на конференцијата ќе имате можност да се запознаете со резултатите од проектот, вклучувајќи го и изработениот протокол за справување со врсничко насилство, наменет за средните училишта, кој содржи пристапи, механизми и алатки за превенција и справување со врсничко насилство. Дополнително, во рамки на панел дискусијата која ќе се спроведе во рамки на конференцијата, ќе имате можност да чуете што прават надлежните за гарантирање на безбедна училишна средина и што е потребно да се преземе дополнително во оваа насока.
Поради моменталните мерки и протоколи за превенција и справување со состојбата предизвикана од вирусот КОВИД-19, бројот на учесници ќе биде ограничен, по принципот прв пријавен- прв услужен. Сите пријавени кои ќе имаат можност да учествуваат на конференцијата, ќе добијат меил за потврда на нивното учество.
Агенда за настанот: 
11.00- Регистрација на учесниците
11. 20- Поздравни обраќања и претставување на проектот „Не! Насилство“
11.25- Презентација на протоколот за спречување на врсничко насилство во средните училишта
11.40- Прашања од присутните и дискусија
11.50- Панел дискусија: Како до безбедни училишни средини?
12.20- Прашања од присутните и дискусија
13.00- Коктел и вмрежување

ДАЛЕЧИНСКО УЧЕЊЕ ИЛИ ДАЛЕКУ ОД УЧЕЊЕ?

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИ ОД НАЦИОНАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ДАЛЕЧИНСКОТО УЧЕЊЕ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ ОД 2020/2021 ГОДИНА.
🔎Како се спроведуваше далечинското учење во средното образование?
⛔Кои беа најголемите предизвици со кои соочија наставниците и учениците?
🖥️Какво е задоволството од Националната платформа за далечинско учење?
🔑Колку се чувствуваат сигурни учениците во ваков амбиент?
✅Кои се позитивните примери и научените лекции?
Придружете се на онлајн презентацијата на наодите од националното истражување за далечинското учење во средните училишта во учебната 2020/2021 година на 17.02.2021 со почеток од 10.30ч.
Пријавувањето за настанот е на следниот линк. 

ПОВИК ЗА НАСТАВНИЦИ: Сесија за користење на дигитални алатки и платформи

Во рамки на програмата „Инспирирај развој” објавуваме повик за наставници кои сакаат да ги подобрат своите дигитални вештини и да стекнат знаење за користење на нови алатки.

Сесијата ќе биде организирана на 09 декември од 18.00 до 20.00 на платформата ЗУМ.

Сесијата е дел од програмата „Инспирирај развој” на која 40 наставници ги зајакнаа своите дигитални вештини и истите ги дисеминираат за други наставници од нашата земја.

Сесијата ќе биде водена од страна на Желеанка Демирова, наставник во средното училиште „Методи Митевски-Брицо” од Делчево.

 

Што ќе опфати сесијата?

1. Алатки за интеракција и водење на час (Jamboard, Padlet, Quizlet, Forms)
2. MS Teams (Assignments, Forms, Wiki, ClassNote)

Пријавување за сесијата е отворено до 06.12, преку пријава на следниот ЛИНК.

Ќе бидат прифатени првите 30 пријавени учесници.

Сесијата е организина од страна на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој и Фондацијата Конрад Аденауер.