ПОВИК ЗА МЕНТОР ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА БИЗНИС ИНИЦИЈАТИВИ ВО МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ отвораме Повик за ментор за трансформација на ученички и младински бизнис иницијативи во мали и средни претпријатија.

За ангажманот:

Работните задачи на Менторот опфаќаат:

  1. Креирање на процесот за избор на младински и ученички бизнис иницијативи за учество во програма за трансформација и раст;
  2. Поддршка на растот и трансформацијата на избраните иницијативи во мали и средни претпријатија;
  3. Придонес во креирањето на пакет алатки за трансформација на регионално ниво

Менторот ќе биде ангажиран за 40 работни дена во период од 8 месеци (мај – декември 2022 година), од кои 7 дена за активност бр. 1, 26 дена за активност бр. 2 и 7 дена на активност бр.3.

Понудата треба да ги содржи следниве информации:

  •  Финансиска понуда
  • Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година;
  • Кратка биографија на експертот со референци;
  • Потпишана изјава за ексклузивност и достапност,
  • Потпишана изјава (доколку се работи за правно лице) дека нема правни пречки за реализација на активноста.

 

Сите потребни документи за аплицирање се достапни тука.
Повеќе информации за менторот за трансформација на бизнис иницијативи најдете 
тука.

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица. Правните лица можат да аплицираат со тим од двајца консултанти. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.

Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.

Понудата се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул.Вељко Влаховиќ 7/1- 1, 1000 Скопје) скенирана на е-поштa [email protected]

Како наслов на електронската порака наведете: ,„Апликација за ментор – BY LEAP – назив/име и презиме”.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице/понудувачот (доколку е физичко лице).

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од понудувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“.

Понудата треба да се достави најдоцна до 25.04.2022 година (понеделник).

Целосниот повик е достапен тука.

*Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.

Повик за консултант за ученички и младински компании

Во рамки на проектот „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ отвораме Повик за консултант за ученички и младински компании.

За ангажманот:

Консултантот е потребно да подготви 2 акти кои ќе бидат прилагодени на националниот контекст во Северна Македонија, и тоа:

а) акт за регулирање на модел на ученичка компанија во Северна Македонија;
б) акт за регулирање на модел на младинска компанија во Северна Македонија.

Повеќе информации за консултантот за ученички и младински компании најдете тука.
Целосниот повик е достапен тука.
Сите потребни документи за аплицирање се достапни тука.

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица, а понудата се доставува до Национален младински совет на Македонија (ул.Вељко Влаховиќ 7/1- 1, 1000 Скопје) скенирана на е-поштa [email protected] Како наслов на електронската порака наведете: „Апликација за консултант – By Leap – назив/име и презиме”.

Понудата треба да се достави во рок од 14 дена од датумот на објавување на повикот, не подоцна од 28.03.2022 година (вторник), до 16:00 часот.

Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.

Повик за правни субјекти за учество на Регионален младински саем за вработување

За саемот

Во склоп на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите” ќе се одржи Регонален младински саем за вработување. 

Саемот ќе се одржи на 28.02.2022 (понеделник) од 10:30 до 15:30 часот во Скопје (местото на одржување ќе биде објавено наскоро). Регионалниот младински саем ќе биде зборно место на повеќе компании од  регионот кои работат во областа на информациските технологии, фармација, медицина, социјални услуги, формална и  неформална едукација, земјоделство, градежништво и инфрастурктура, маркетинг и односи со јавност.

Саемот е замислен како отворена платформа за градење вештини и компетенции за вработување на младите како и креирање на можности за нивно поврзување со работодавачите. Во таа насока во рамките на саемот се предвидени 3 активности, а Вие самите одлучувате дали сакате да се вклучите само во една или во сите активности:

  • Саем на компании – каде секоја компанија ќе има штанд на кој ќе може да ја претстави својата работа и професионалните можности кои ги нуди за млади

  • Speed date – каде компаниите и младите ќе имаат можност да се запознаат подобро и пофокусирано за краток временски период

  • Youth booth –  каде ќе може да се спроведуваат интервјуа во пријатна и приватна атмосфера, изолирано од самиот саем. Компаниите кои ќе се пријават за оваа активност ќе добијат листа на кандидати кои се пријавиле за истата и ќе можат да изберат кандидати со кои би сакале да им биде закажано интервју.

Услови и обврски за учество на саемот

Сите правни субјекти кои се заинтересирани за учество во Регионалниот младински саем за вработување треба

  • Да бидат од Скопскиот регион;

  • Да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub

Начин на пријавување

За да учествувате на настанот, треба да го пополните формуларот за регистрација достапен на овој линк.
За сите дополнителни прашања и информации за настанот може да се обратите на [email protected] или на телефонскиот број +38978350531.

Рокот за пријавување е до 20.02.2022.

Повик за млади лица за учество на Регионален младински саем за вработување

За саемот

Во склоп на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите” ќе се одржи Регионален младински саем за вработување. 

Саемот ќе се одржи на 28.02.2022 (понеделник) од 10:30 до 15:30 часот во Скопје (местото на одржување ќе биде објавено наскоро). Регионалниот младински саем ќе биде зборно место на повеќе компании од  регионот кои работат во областа на информациските технологии, фармација, медицина, социјални услуги, формална и  неформална едукација, земјоделство, градежништво и инфрастурктура, маркетинг и односи со јавност.

Саемот е замислен како отворена платформа за градење вештини и компетенции за вработување на младите како и креирање на можности за нивно поврзување со работодавачите. Во таа насока во рамките на саемот се предвидени 3 активности, а Вие самите одлучувате дали сакате да се вклучите само во една или во сите активности:

  • Саем на компании – каде секоја компанија ќе има штанд на кој ќе може да ја претстави својата работа и професионалните можности кои ги нуди за млади

  • Speed date – каде компаниите и младите ќе имаат можност да се запознаат подобро и пофокусирано за краток временски период

  • Youth booth –  каде ќе може да се спроведуваат интервјуа во пријатна и приватна атмосфера, изолирано од самиот саем. За оваа активност ќе може да се пријавите во формуларот, по што вашата биографија ќе биде споделена со пријавените фирми. Доколку некоја од фирмите е заинтересирана да спроведе интервју со Вас во склоп на оваа активност, нашиот тим ќе ве контактира за да ги договори техничките детали.

Дополнително, пред саемот ќе се одржи и обука за кариерно насочување за сите заинтересирани млади лица чиј фокус ќе биде креирање на професионална биографија, спроведување интервју со компании, како и други корисни совети за подобро претставување пред потенцијални работодавачи. Учеството во оваа обука не е задолжително. 

Услови и обврски за учество на саемот

Сите млади лица кои се заинтересирани за учество во Регионалниот младински саем за вработување треба:

  • Да бидат на возраст до 29 години;

  • Да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub

Начин на пријавување

За да се пријавите за учество на настанот треба да го пополните формуларот за регистрација достапен на овој линк.

За сите дополнителни прашања и информации за настанот може да се обратите на [email protected] или на телефонскиот број +38978350531.

Рокот за пријавување е до 20.02.2022.