Промоција на истражување „Родово-базирана дискриминација и работнички права во Северна Македонија“

Реактор – Истражување во акција има чест да Ве покани на промоција на последното истражување на тема: „Родовобазирана дискриминација и работнички права во Северна Македонија“која ќе се одржи на 30 март (среда), 2022 година, во просториите на Јавна Соба (Public Room), со почеток во 11.00 часот, со времетраење од два часа.

Со поддршка на Европската унија (ЕУ) и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка, како дел од регионалната иницијатива за справување со овој вид на дискриминација во шест земји од Западен Балкан, овој извештај претставува продолжение на првото истражување од ваков вид во Северна Македонијаспроведен од Реактор, кое беше објавено во 2019 година. Извештајот содржи информации и споредба на состојбите поврзани со недостатоците во релевантната законска рамка; застапеноста и природата на родово базираната дискриминација на пазарот на труд; стапката на пријавени случаи и начинот на кој институциите ги третираат таквите случаи; и препораки насочени кон секоја засегната страна.

За време на овој настан, Реактор – Истражување во акција ќе ги презентира клучните наоди и препораки кои произлегуваат од истражувањето, по што ќе следи и дискусија во врска со наодите.

На панелот свое обраќање ќе имаат и, претставник на Делегацијата на Европската Унија (TBC); Светлана Цветковска, Министерство за труд и социјална политика; Кире Василев, Комисија за спречување и заштита од дискриминацијаДрагиња АврамчевскаДржавен инспекторат за трудКристина АмпеваГласен Текстилец и Ина Џугуманова, Хелсиншки Комитет за човекови права.

Претставниците на граѓанските организации, јавните институции, и медиумите се поканети да присуствуваат на овој настан. На крајот од панелот, присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања.

Би ни била особена чест доколку ја прифатите оваа покана и ни се придружите на оваа промоција. Навистина би ценеле доколку ни го потврдите Вашето учество најдоцна до 29 март, 2022 година. 

Агендата за настанот погледнете ја тука.

За сите дополнителни информации, Ви стоиме на располагање на имејл: [email protected].

Со почит,
Реактор – Истражување во акција

Партнери во имплементацијата на овој проект сеKosovo Women’s Network од Косово, Реактор – Истражување во акција од Северна Македонија, Gender Alliance for Development Centre (GADC) од Албанија, Helsinki Citizens’ Assembly Banja Luka (HCABL) од Босна и Херцеговина (БиХ), Women’s Rights Centre (WRC) од Црна Гора и Kvinna till Kvinna Foundation од Шведска преку нивната канцеларија во Србија.

ОТВОРЕНА ПОЗИЦИЈА: КООРДИНАТОР/КА НА ФИНАНСИИ

Реактор – Истражување објавува повик за ангажирање координатор/ка на финансии во проектот Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ

Позицијата предвидува редовно работно време со ретки попладневни и викенд ангажмани при организација на настани, како и нефреквентни патувања низ Македонија и во странство. Поради тековната пандемија, тимот на Реактор во моментов работи од дома, со план да се вратиме во канцеларија штом постојат услови за тоа.  

Позицијата овозможува можности за личен развој и надградба, динамична работна средина и колективен одмор за новогодишните празници (покрај законски предвидените денови за одмор). 

Oпис на позицијата

  • Координација со финансискиот менаџер за потребите на организациската канцеларија;
  • Подготвување  периодични и завршни финансиски извештаи;
  • Спроведување постапки за набавки за потребите на проектите во согласност со правилата и стандардите на ЕУ, внатрешните правила на Реактор и домашното законодавство во Република Северна Македонија;
  • Раководење со постапката на суб-грантирање и спроведување на административен и финансиски надзор над грантистите;
  • Следење и имплементација на административните проектни активности на организацијата;
  • Редовно следење на реализираните трошоци и на проектните буџети;
  • Изработка на налози за плаќања;
  • Вршење на работи кои се однесуваат на работните односи во рамки на проектите;
  • Организирање на настани за потребите на проектите на организацијата;
  • Вршење на други работни задачи кои се однесуваат на административно и финансиско управување на проектите по насока од раководниот тим.

Квалификации 

  • Најмалку 3 години професионално искуство во финансии и администрација  во невладиниот сектор; 
  • Завршени додипломски студии во релевантна област;
  • Претходно работно искуство на проекти финансирани од ЕУ ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство кое вклучува суб-грантирање ќе се смета за предност.
  • Развиени вештини за соработка и способност за работа во меѓународно опкружување 
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик (говорен и пишан), познавање на албански јазик или друг јазик на малцинствата ќе се смета за предност;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон детали, висока ефикасност, проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за извршување на работни задачи и изготвување излезни елементи во краток временски рок во динамична работна средина;
  • Докажани способности за планирање и организација,;
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите. 

Висина на паричен надоместок

За оваа работна позиција е предвиден месечен надоместок врз база на договор на определено време во висина од 20.000 до 30.000 денари, нето. Конечниот надоместок ќе биде утврден врз основа на квалификациите и релевантните искуства. 

Како да се пријавите

Вашата пријава, подготвена како единствен документ во PDF формат, треба да содржи: 

  • Воведно писмо на македонски јазик за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме зошто сакате да работите во Реактор и како Вашето досегашно работно искуство е релевантно за потребните знаења, вештини и работни задачи предвидени за оваа позиција 
  • CV на англиски јазик (со контакти за препораки) 

Ве молиме сите документи да ги пратите во посочениот формат. Пријави добиени во било кој друг формат нема да бидат земени предвид. 

Вака подготвената пријава пратете ја по електронска пошта на [email protected] со наслов EU Finance Coordinator. 

Рокот за пријавување е 22 февруари 2021-ва година

На сите што ќе се пријават им благодариме за интересот, но за жал не сме во можност да одговориме на секоја пријава, ниту пак да одговараме на телефонски барања/прашања. Само оние што ќе бидат избрани за интервју за позицијата ќе бидат контактирани, и тоа за најмногу 15 дена по одминување на рокот за пријавување.

За проектот

Проектот Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ е спроведуван од страна на Реактор, во соработка со Центарот за женски права (Црна Гора), Фондацијата Жена за жена (канцеларија во Северна Македонија), Здружението права за сите (Босна и Херцеговина), Мрежа на жени на Косово (Косово) и Албанска мрежа за зајакнување на жените (Албанија).

Овој проект се фокусира на зајакнување на регионалната соработка на женските граѓански организации, истражување и родови анализи за информирање на политики, застапување засновано на докази и мониторинг на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ, насочени кон унапредување на родовата еднаквост во регионот на Западен Балан во процесот на пристапување во ЕУ.

Главната цел на овој четиригодишен проект е зајакнување и проширување на постојната регионална соработка, зајакнување на партиципативните демократии и остварување на инклузивен родово-сензитивен процес за пристапување кон ЕУ.

Во рамките на проектот е предвидено доделување на грантови (субгрантирање) и јакнење на капацитетите на женските граѓански организации за интеграција на родовата перспектива во процесот на пристапување во Европската Унија. 

Проектот е финансиран од Европската Унија.

ОТВОРЕНА ПОЗИЦИЈА: КООРДИНАТОР/КА НА ПРОЕКТ

Реактор – Истражување во акција објавува повик за ангажирање координатор/ка на проект во програмата за родова еднаквост. 

Позицијата предвидува редовно работно време со ретки попладневни и викенд ангажмани при организација на настани, како и нефреквентни патувања низ Македонија и во странство. Поради тековната пандемија, тимот на Реактор во моментов работи од дома, со план да се вратиме во канцеларија штом постојат услови за тоа.  

Позицијата овозможува можности за личен развој и надградба, динамична работна средина и колективен одмор за новогодишните празници (покрај законски предвидените денови за одмор). 

Oпис на позицијата

  • Планирање и спроведување на проекти во полето на родова еднаквост;
  • Редовно следење и запознаеност со развојот на јавните политики во државата во  тематската област (родова еднаквост) и известување на раководниот тим за потенцијални можности за интервенции;
  • Анализирање на регулатива и стратешки документи и подготвување сумарни аналитички извештаи;
  • Управување со буџет и ресурси на проекти и/или делови од проекти кои се во нејзина/негова надлежност;
  • Подготвување финални извештаи за проекти кои се во нејзина/негова надлежност;
  • Учествување во дизајн и подготовка на истражувачки проекти;
  • Воспоставување и одржување односи на соработка со релевантни национални и меѓународни чинители;
  • Подготвување насоки за визуелизација на клучни наоди, податоци и препораки;
  • Во соработка со комуникацискиот тим, организирање на конференции, работилници и други настани;
  • Претставување на организацијата на различни настани;
  • Работа со истражувачкиот тим на истражувачки методологии, собирање на податоци и примена на истражувачки методи (квалитативни и квантитативни) и други техники за анализа на податоци;
  • Во соработка со истражувачкиот и раководниот тим, собирање и анализа на податоци и изготвување анализи на јавни политики и препораки за нивно подобрување;
  • Извршување други слични задачи во согласност со потребите на организацијата.

Квалификации 

Образование и работно искуство

  • Најмалку 3 годишно работно искуство, по можност во невладиниот сектор и на тема родова еднаквост/женски права;
  • Завршени додипломски студии во релевантна област, пост-дипломски ќе се сметаат за предност. 
  • Работно искуство, формално или неформално образование за истражувачки методи  истражувања од областа на јавните политики ќе се смета за предност. 
  • Работно искуство кое вклучува спроведување на проекти, а особено истражувачки проекти од областа на родовата еднаквост ќе се смета за предност

Знаење и други вештини

  • Високо развиени аналитички вештини;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Запознаеност со националните механизми за родова еднаквост;
  • Запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областите на делување на организацијата;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Способност за истовремено работење на повеќе проекти во динамична работна средина;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint
  • Искуство со софтвери за собирање и обработка на податоци ќе се смета за предност 
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите. 

Висина на паричен надоместок

За оваа работна позиција е предвиден месечен надоместок врз база на договор на определено време во висина од 30.000 до 40.000 денари, нето. Конечниот надоместок ќе биде утврден врз основа на квалификациите и релевантните искуства. 

Како да се пријавите

Вашата пријава, подготвена како единствен документ во PDF формат, треба да содржи: 

  • Воведно писмо на македонски јазик за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме зошто сакате да работите во Реактор и како Вашето досегашно работно искуство е релевантно за потребните знаења, вештини и работни задачи предвидени за оваа позиција – задолжително
  • CV на англиски јазик (со контакти за препораки) – задолжително
  • Доколку имате, примери или извадоци од Ваш пишан труд (на англиски и/или на македонски јазик, не повеќе од десет страни). 

Ве молиме сите документи да ги пратите во посочениот формат. Пријави добиени во било кој друг формат нема да бидат земени предвид. 

Вака подготвената пријава пратете ја по електронска пошта на [email protected] со наслов GE Project Coordinator. 

Рокот за пријавување е  22-ри февруари 2021-ва година

На сите што ќе се пријават им благодариме за интересот, но за жал не сме во можност да одговориме на секоја пријава, ниту пак да одговараме на телефонски барања/прашања. Само оние што ќе бидат избрани за интервју за позицијата ќе бидат контактирани, и тоа за најмногу 15 дена по одминување на рокот за пријавување.

ОТВОРЕНА ПОЗИЦИЈА: МЕНАЏЕР/КА НА ПРОЕКТ

Реактор – Истражување објавува повик за ангажирање менаџер/ка на проект во проектот Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ

Позицијата предвидува редовно работно време со ретки попладневни и викенд ангажмани при организација на настани, како и нефреквентни патувања низ Македонија и во странство. Поради тековната пандемија, тимот на Реактор во моментов работи од дома, со план да се вратиме во канцеларија штом постојат услови за тоа.  

Позицијата овозможува можности за личен развој и надградба, динамична работна средина и колективен одмор за новогодишните празници (покрај законски предвидените денови за одмор). 

Oпис на позицијата

  • Целосно и навремено управување и имплементација на проектните активности и постигнување на предвидените цели на проектот поврзани со доделувањето на грантови (суб-грантирање);
  • Координација и мониторирање на процесот на суб-грантирање во рамки на проектот;
  • Координација на административни и оперативни активности со партнерските организации во согласност со дефинираните проектни цели и стратегии;
  • Управување со буџет и ресурси на проектот, и подготвување финални извештаи;
  • Редовно следење и запознаеност со развојот на јавните политики во државата во тематската област (родова еднаквост);
  • Во соработка со комуникацискиот тим, организирање на конференции, работилници и други настани;
  • Претставување на организацијата на различни настани;
  • Извршување други слични задачи во согласност со потребите на организацијата.

Квалификации 

  • Најмалку 5 годишно релевантно работно искуство во проектен менаџмент, по можност во невладиниот сектор и на тема родова еднаквост/женски права;
  • Завршени додипломски студии во релевантна област, пост-дипломски ќе се сметаат за предност. 
  • Работно искуство кое вклучува суб-грантирање, а особено на проекти од областа на родовата еднаквост, ќе се смета за предност
  • Докажано искуство во спроведување на проекти финансирани од Европската Унија, вклучително и искуство со спроведување на проектни активности, мониторинг, евалуација и спроведување на грантови шеми;
  • Знаење за женските граѓански организации и организациите кои работат на родова еднаквост во државата (познавањето на регионалните актер(к)и и претходни искуства во оваа област ќе се сметаат за предност);
  • Знаење и експертиза во областа на ЕУ интеграција, вклучително конкретно разбирање на институциите на ЕУ и нивните улоги и одговорности. (претходно искуство со застапување на национално и ЕУ ниво ќе се смета за предност);
  • Истражувачко искуство (подготовка на методологии, пишување на трудови и извештаи, спроведување на истражувања и сл.) ќе се смета за предност;
  • Развиени вештини за соработка и способност за работа во меѓународно опкружување 
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик (говорен и пишан), познавање на албански јазик или друг јазик на малцинствата ќе се смета за предност;
  • Високо развиени аналитички вештини;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Способност за истовремено работење на повеќе проекти во динамична работна средина;
  • Докажани способности за извршување на работни задачи и изготвување излезни елементи  во краток временски рок;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint
  • Искуство со софтвери за собирање и обработка на податоци ќе се смета за предност 
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите. 

Висина на паричен надоместок

За оваа работна позиција е предвиден месечен надоместок врз база на договор на определено време во висина од 35.000 до 45.000 денари, нето. Конечниот надоместок ќе биде утврден врз основа на квалификациите и релевантните искуства. 

Како да се пријавите

Вашата пријава, подготвена како единствен документ во PDF формат, треба да содржи: 

  • Воведно писмо на македонски јазик за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме зошто сакате да работите во Реактор и како Вашето досегашно работно искуство е релевантно за потребните знаења, вештини и работни задачи предвидени за оваа позиција 
  • CV на англиски јазик (со контакти за препораки) 

Ве молиме сите документи да ги пратите во посочениот формат. Пријави добиени во било кој друг формат нема да бидат земени предвид. 

Вака подготвената пријава пратете ја по електронска пошта на [email protected] со наслов EU Grant Manager. 