22 ФЕВРУАРИ, СВЕТСКИ ДЕН НА ИЗВИДНИЦИ – НАПРАВИ ДОБРО ДЕЛО!

Сојузот на извидници на Македонија реализира низа активности по повод 22 Февруари – Светскиот ден на извидниците и роденденот на основачот на извидништвото Баден Пауел. Активностите се организирани од 22 извиднички одреди во 17 градови во Македонија. Под мотото „Направи добро дело“ се организираат крводарителски акции, социјална помош за лица на кои им е најпотребно, собирање донации, инклузија на деца и млади со помалку можности, згрижување на улични животни, грижа и заштита за животната средина итн. 

 

Колку што се прославува денот на извидниците во нашата држава, толку се долго се одржува и традиционалната крводарителска акција во организација на Сојузот на извидници на Македонија и Црвениот Крст на Република Северна Македонија. 

 

Крводарителската акција е во склоп на низата активности по повод 22 Февруари – Светски ден на извидниците. Истата ќе се одржи на 22 февруари од 10 до 18 часот во Младинскиот центар Матично кој се наоѓа во просториите на старо Матично во близина на општина Центар. Добредојдени се сите граѓани со наполнети 18 години, добра здравствена состојба и желба да направат добро дело.

 

Ве поттикнуваме и вие да се вклучите во нашата кампања #НаправиДоброДело и заедно да создадеме подобар свет. Со цел да инспирираме уште повеќе добри дела, вашите добри дела може да ги објавите на социјалните мрежи  користејќи го тагот #НаправиДоброДели и #scoutsmacedonia. 

 

Извидничкото движење продолжува да биде најголемата организација за деца и млади во Македонија со преку 2500 членови која придонесува во неформалното образование и физичкиот, социјалниот, психичкиот, интелектуалниот и емотивниот развој на децата и младите. 

 

Создаваме подобар свет!

ЛЕТЕН КАМП НА СОЈУЗ НА ИЗВИДНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА

ЗАПОЧНА ЛЕТЕН КАМП 2021 ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОЈУЗ НА ИЗВИДНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА

Деновиве, на плажата во Извидничкиот центар Охрид освен редовните посетители може да се забележат и разиграни деца и млади кои учествуваат на летниот камп „λ камп 2021“ кој се реализира во периодот од 7 до 15 август, а го организира Сојуз на извидници на Македонија.

По пауза од две години поради Ковид-19 пандемијата, повторно се активира традиционалниот летен камп во кој учество земаат околу 180 извидници од цела Македонија на возраст од 12 до 16 години. По принципот на учење преку работа и забава, деновите и вечерите ги поминуваат во другарување, учество на водени и забавни игри, еколошки и креативни работилници, стреличарство, ориентација, кампување, лидерство и останати извиднички и животни вештини.

Сите активности се одвиваат според Владините протоколи за организација на настани на отворено и внатрешните протоколи на Сојузот за организација на извиднички настани. 

За програмата, логистиката и целата организација на кампот се грижат околу 20-тина волонтери кои неуморно работат секој ден, ги развиваат своите организациски вештини и со насмевка на лицето се грижат активностите за помалите да се навремено подготвени.

За потсетување, извидничкото движење претставува најголема светска организација за неформално образование која брои преку 60 милиони членови и неговата мисија е да придонесе во интелектуалниот, психичкиот, физичкиот, социјалниот и емотивниот развој на децата и младите.

Од Сојузот порачуваат – секој кој сака да се приклучи на извидничкото движење, тоа може да го направи во текот на месец септември, кога одредите ширум Македонија ќе ги започнат уписите на нови членови.

Дотогаш, повеќе информации, фотографии и новости од извидниците може да најдете на Фејсбук (https://www.facebook.com/scoutsmacedonia) и Инстаграм (@scoutsmacedonia) профилите на Сојузот.

Создаваме подобар свет!

Направи добро дело – Дарувај крв!

Сојуз на извидници на Македонија како дел од низата активности по повод Светскиот ден на извидниците, 22 февруари, секоја година традиционално организира акција за донирање крв во сорaботка со Црвениот Крст. 
Така и оваа година, акцијата за донирање крв ќе се одржи во малку поинакво издание. 
Со сите превземени мерки, дистанца, маски и голема претпазливост ќе ја реализираме оваа крводарителска акција и ќе направиме добро дело. Ги покануваме сите извидници, пријатели на извидниците и граѓани кои сакаат да даруваат крв и да направат добро дело да дојдат во просториите на младинскиот центар Матично во понеделник 22.02.2017 во периодот од 12:00 до 18:00 часот.
 
НАПОМЕНА: Задолжително е носење на маска (или друга заштитна опрема) и документ за лична идентификација, како и придржување кон актуелните протоколи кои се однесуваат на Ковид-19 пандемијата.
*Овој настан е наменет за оние кои имаат 18 или повеќе години. Доколку некој има 17 години и 6 месеци, а сака да дарува крв може да го направи тоа само со писмена согласност од родител или старател

Конкурс за старешина на Сојуз на извидници на Македонија

Врз одлука на старешинството, донесена на 14.12.2020 и врз основа на член 35, член 40 од Статутот на Сојуз на извидници на Македонија, се објавувa:

 

КОНКУРС

 

За избор на старешина на Сојузот на извидници на Македонија

 

ОПШТИ УСЛОВИ

Кандидатите за горенаведената функција треба да бидат членови на СИМ, да бидат полнолетни и да имаат искуство во раководење и организација.

 

ПОСЕБНИ УСЛОВИ

Кандидатите за Старешина на СИМ треба да достават програма за работа на организацијата за нередниот 4 годишен период

ПРИЈАВУВАЊЕ / Содржина на кандидатурата

Во кандидатурата треба да бидат наведени: Име и презиме, адреса и датум на раѓање, мотивационо писмо и извидничка биографија (CV) во која ќе бидат опфатени функциите кои ги извршувал кандидатот во матичниот одред, завршени школи, обуки, тренинзи, семинари, учества на позначајни натпревари, смотри, меѓународни активности, како и останати персонални квалитети и работни искуства, како и телефон за контакт.

 

Кандидатурата треба да биде заверена од матичниот одред на кандидатот и истата треба да се достави до 16 јануари 23:59 часот на [email protected]

Обврските на старешината/претсетаделот на Сојуз на Извидници може да ги погледнете тука.
Потребните документи за пријавување може да ги најдете на следните линкови:

1. Формулар за номинација на старешина

2. Писмо за поддршка од извиднички одред – полноправен член на СИМ

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, може да го контактирате генералниот секретар на СИМ на тел 070 213 556 или на email адреса [email protected]к