Balkan Booster 2021: Повик за пријавување

Дојче Веле бара нови учесници за проектот „Balkan Booster“. Сите заинтересирани можат да ги испраќаат своите пријави до 21 март 2021-ва.

Сакате ли да дознаете кои се и како живеат луѓето во соседните земји? Кои се нивните приказни? Сакате да работите во тим, да ја барате позитивната страна и решенијата за проблемите во локалната заедница? Ако сите одговори се „да“, а уште згора на тоа сакате и да снимате видеа со мобилен телефон и активно ги користите социјалните медиуми, тогаш сте на вистинското место!

Дојче Веле бара учесници за проектот „Balkan Booster“, кој ќе трае од април до декември 2021 година.

Темата на овогодишниот проект е: „Да ги покажеме решенијата!“ За учеството во проектот ќе биде обезбеден и хонорар.

Сите заинтересирани треба да ги исполнуваат следните услови:

 1. Да живеете во една од овие земји: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија или Косово

2. Да имате помеѓу 18 и 25 години

3. Да студирате новинарство или да имате новинарско работно искуство

4. Да сте подготвени да работите во тим, да патувате и да известувате од мали и оддалечени места (во зависност од ситуацијата со пандемијата на коронавирус)

5. Да имате време да учествувате на тридневна онлајн обука за видео-новинарство во април или мај 2021 година

6. Да ги почитувате договорените рокови

7. Активно да користите социјални медиуми (Фејсбук, Инстаграм, Твитер)

8. Активно да користите (да зборувате и пишувате) англиски јазик

9. Да сте мотивирани да научите повеќе за другите земји, идентитети и култури на Балканот

10. Знаете да снимате и монтирате видеа на мобилен телефон? Тоа е предност!

Ако сте заинтересирани да станете дел од големото Balkan Booster семејство на Дојче Веле, испратете ни своја пријава најдоцна до 21 март 2021 година (до 23:59 часот) на имејл адресата: balkan-booster@dw.com, со следните документи:

– Биографија на англиски јазик

– Кратко видео во кое ќе ја објасните својата мотивација за учество во проектот. Видеото не смее да биде подолго од две минути и треба да биде испратено во mp4 формат преку WeTransfer. Видеото може да биде на мајчин јазик. Контакт лице за Северна Македонија: Елизабета Милошевска Фиданоска (Elizabeta.Milosevska@dw.com)

За повеќе информации за претходните четири сезони од проектот следете го хаштагот #dw_BalkanBooster на социјалните мрежи, или побарајте видеа на нашите интернет страници (на македонскиовде)

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp