„Cult+Alt+Repeat“ – Културно лето во МОФ

Младински образовен форум и Радио МОФ организираат „Културно лето во МОФ“ кое трае од 29-ти јули до 31-ви август 2021 година. Младите низ повеќе настани ќе имаат прилика да се социјализираат, меѓусебно да се запознаат, да слушнат квалитетна музика од домашни артисти, да научат да цртаат, да дизајнираат на некоја дигитална алатка, да креираат уметност со примена на реупотреблив дизајн, да проследат актуелен филм, да се опуштат со јога итн

Преку Cult+Alt+Repeat, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за младинска и културна дружба и активизам.

Овој петок ве покануваме на младинска дружба во дворот на МОФ во 19:30 часот, каде ќе имате можност да слушате квалитетна електронска музика од одличниот Крсте Стефановски.

К-Р-К има настапувано на многу локации низ нашите простори – АМОК радио, Noods радио, како и Shortbus. Секаде каде што настапува, остава културен белег и печат за понатамошно развивање и делување помеѓу музичките лавиринти.

Крсте, за себе вели дека ужива во електронска музика, во екпериментирање, во социјализација со интересни луѓе и во миксање на нови песни. Несомнено шармира со својот препознатлив стил и препознатлив избор на музика.

                                                                              Локација: https://goo.gl/maps/QyFiBZfX51qiaAWK8

ФБ-евент: https://fb.me/e/1a5sUi2tt

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp