Младите можат распишува повик за ментори, коишто ќе станат дел од базата на ментори на организацијата.
Работата на Младите можат се базира на принципот на врсничко и искуствено учење. Целта на креирање на базата на ментори е да обезбеди постојана поддршка, развој и поддржувачка средина за членовите и корисниците на активностите на Младите можат.
Менторите ќе бидат ангажирани во зависност од активностите на членството на Младите можат и потребата од вклучување во проектните активности на организацијата.
Краен рок за аплицирање е 01.11.2020г (23:59ч)
Начин на аплицирање:
- Пополни апликациска форма на следниот линк
- Испрати ни твое CV на [email protected]