Дали сакаш да станеш активист за вредностите во кои веруваш? Или, дали си веќе активист кој своето слободно време сака да го користи продуктивно? Дали бараш начини да научиш нови вештини, да се вмрежуваш со други млади луѓе и да организираш настани за твојата заедница?
Европскиот Младински Форум огранизира онлајн програма за обука на активистичка мрежа за сите млади лица од 16 до 30 години кои живеат во Европа и истата е наменета за секој што сака да стане или е веќе активист кој бара можност да учи и да запознава нови луѓе.
Како учесник, ќе следите програма за обука од 20 часа, дизајнирана да Ви ги обезбеди сите алатки, знаења и компетенции за да направите позитивна промена во Вашата заедница, преку која ќе имате шанса да се вмрежите со други млади активисти и заеднички да работите во правењето разлики.
Обуката ќе се одржи online, на англиски јазик на следните датуми:
Четврток, 30 март: 17: 00-20: 30
Сабота, 1 април: 10: 00-14: 30
Четврток, 6 април: 17: 00-20: 30
Сабота, 8 април: 10: 00-14: 30
Четврток, 13 април: 17: 00-20: 30
Како да се вклучиш?
Она што треба да го направиш е да ја пополниш апликацијата, не подоцна од 19ти март 2023 година.
Учесниците треба да присуствуваат на 80% од обуката за да се стекнат со сертификат.
Повеќе информации се достапни на овој линк.